Љубов на прво мирисање ! И знаев дека што и да мириснам после него ништо нема да е доволно добро... Сигурна сум дека ќе ми биде омилен секогаш - Si - Armani Се осеќам како во друга димензија кога ќе си се намирисам
Летово па и дел од есента го поминав со омилениот Нина Ричи за тој период. А сега, бидејќи собирам пари за нов мобилен , малку штедам, замислете го само тоа се одлучив за не толку скап парфем, туку за веќе сигурна варијанта, веќе пробано и еднаш - засекогаш вљубено во парфемот од Авон, Today Tomorrow Always, a плус и на попуст е сега мх мх мх .
Може ли некоја од вас да ми каже која е цената на овој парфем??/ Прекрасен е, сакам да си го купам.....поздрав
Мислам дека во Космо, 30 мл чинат три илјади и нешто. Или околу три ако го фатиш на некој попуст, таа е цената во глобала. Преубав е, за разлика од Crystal Noir кој ми е презагушлив, овој е тотално класичен, лесен и елегантен.
здраво на сите сакам да ми препорачате парфем кој е долготраен и не се Ветрее после неколку саати , и да е елегантен со малку појак мирис , едноставно ко ке поминам сите да го почуствуваат п.с . Многу страници има за читање и ке ми требаат со денови да читам а ми треба совет за што побрзо да си купам
Од погорните мислења можам да заклучам дека меѓу богаташи се наоѓам на форумов. Само оригинал парфеми се фураат, а од друга страна демек сиромаштија и невработеност во земјава ни. Баш сум изненадена што 95% можете да си ги приуштите. Чудно е што сите користите оригинал парфеми што не се помалку од 50евра, без разлика дали работите, дали сте студенти или 15 годишни девојчиња. Според моменталниот стандард во државава искрено се подразмислив во која група припаѓам јас, што сум од тие 5 % што не користат скап парфем. Јас ако зборам за себе купувам парфеми од 200 ден. од оние што се копии на оригиналите или Tesori D'oriente. И баш и не приметувам некоја разлика со парфемот на другарка ми што е од незнам колку евра. И нема човек што не ме прашал каков парфем користам или да не добијам комплимент за тоа како мирисам кога сум напрскана со тој вториот што го спомнав.
@Annabel Lee Може да се убедуваме колку сакате дека копиите и оригиналите се исто и пак нема да ме убедите дека тоа е така. Не велам дека нема добри копии што мирисаат премногу слично на оригиналите, ама не се исти. Ниту по состав, ниту по трајност. Ова го кажувам затоа што имам користено некои копии па дури ми се наоѓа и некое по дома, најчесто од Економик и си ги користам за натаму наваму кога не сакам да си ги трошам оригиналите. Ама во однос на трајност се колку пари - толку музика и ни од далеку не ми држи цел ден како што сакам. Не велам дека нема и оригинали со помала трајност, но затоа јас лично пред да го купам го тестирам како ќе реагира на мојата кожа. Како и да е секогаш има избор на оригинални парфеми од 800 денари па нагоре, не мора да значи дека сите се од 50 евра па нагоре. Има често и попусти и комплети. Има и од Авон и од Орифлејм и од Бенетон, од Шакира, Бијонсе и кој веќе не. И тие парфеми доста се спомнуваат овдека. Друга работа, изборот на копиите е ограничен и со години знаат да вртат едни те исти парфеми на кои им ја „хакнале“ мирисната композиција. Ако ми се засвиѓа некој понов парфем треба да чекам година-две за да му направат копија и тоа прашање и дали воопшто ќе има, во зависност од тоа колку бил популарен. А уствари и не мора да значи дека сите тука што постираме дека ја зборуваме вистината нели? Секој може да отиде да мирисне некој парфем и да лупне слика од него на форумов, тоа не значи дека го има дома. Ама тоа е друга дискусија. Нема потреба од зајадливи коментари ако некој има можност да си дозволи нешто повеќе од вас. А тоа осудување доста често знае да се сретне низ темиве, небаре некој во џеб ви брцнал. Во земјава се повеќе се множат нови коли, џипови и ферариња па дојдовме да се чудиме за парфемиве. Тоа не е апсолутно никаков показател за финансиските можности на населението туку зборува за нешто друго, ама на крај краева не е наша работа да се грижиме за туѓите финансии.
@Giovanna Која е потребата да се постираат слики од скапи парфеми, а вистината да е сосема поинаква? Баш тоа и ми беше поентата на мојот коментар погоре. Второ, никаде не спомнав дека парфемите на точење или копиите Економик се ИСТИ како оригиналите, туку дека МИРИСААТ исто. А мене не ми е тешко да си ставам 2 пати у ден од истиот парфем, големо чудо па ако не ми трае цел ден од едно прскање, или како што спомна и некои оригинали не траат по цел ден. Ете да ги спомнам парфемите од Авон и Орифлејм (ефтините како што ги нарекувате). До сега сум имала неколку, фала му на бога и јас го доживеав тоа да имам скап парфем јееј, ама пак имало потреба да се прснам по повеќе пати. Дали јас најефтиниот сум го порачала незнам, ваљда тоа ќе да е, до мене е. Ете сум немала среќа ни со нив. А да купам парфем од 50 и нагоре евра некако ми нема логика. Со моменталниот наш стандард малку ми е глупаво да се одвојуваат 3000-4000ден. за парфем. Друга работа, зошто да се чувствувате навредени од моето мислење, и моите коментари да ги класифицирате како зајадливи? Можеби требаше да постирам слика од најскапиот парфем во светот, и само да собирам лајкови. Се дешаваат грешки ете, требаше два пати да размислам. Никој не ве осудил, едноставно мојот коментар беше едно чудење, зашто за момент помислив дека живеам во Швајцарија а не во Македонија од вашите коментари. Единствена навредена во оваа тема би требало да бидам јас, зашто јавно се декларирав како ''сиромашка'' зашто користам парфемче од 200 ден. И последно. Сеуште стојам на тоа дека вашите ''нешто повеќе'' пари за парфем е глупава инвестиција. Купувајте скапи парфеми, ако така се чувствувате подобро. Само ме интересира колку од вас сите, значи генерално зборам за сите, што сте постирале слики од D&G, од Шакира, Бијонсе како што спомна погоре, сте донирале пари рецимо у хуманитарни цели, па темите за хуманитарна помош да живнат. Дискусијава ќе ни замине во погрешна насока, ако збориме за тоа, но само сакав да доловам кој момент од вашите залудно потрошени пари не ми е јасен.
@Annabel Lee Tоа е тоа,само чекав да напишеш и ти како и многу други за донациите во хуманитарни цели Како можеш ти да осудиш некого дека е глуп,со оглед на тоа што направил глупа инвестиција за парфем? Некој ќе даде за чизми 3000 ден. а некој за парфем што има тука глупаво и чудно? Еве не секој ужива да користи копии парфеми или пак Економик (кои не ,не мирисаат исто и нема да ме убедиш во спротивното),туку сака да си одвои некој денар да си купи оригинал.Акции со попусти на парфеми за многу солидни цени има скоро секој месец,знае и парфем на Долче и Габана да дојде до 2000 денари за 50 мл.па зашто па да не си го купам ако можам да си го дозволам. И на крај краева се слагам со коментарот на @Giovanna како божем ви пика некој рака во џеб. СЕкогаш ама секогаш кога ќе се постави поскапо парче облека,парфем,ташна,козметика и слично мора да се најде некој паметен со хуманитарните цели.Од каде знаеш ти дека некој не донирал и во хуманитарни цели? Го виде? Треба тебе да ти се оправда зашто купил парфем а не донирал? За тебе е глупаво,а на друг пак може му е глупаво нешто ти што правиш па никому ништо.Не треба да те интересира за ''залудно'' загубените пари,не се твои многу едноставно и просто.