Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Женски парфеми

Дискусија во 'Парфеми' започната од Daniella, 20 ноември 2009.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ако израчунаме убаво ќе видиме дека @Annabel Lee годишно троши повеќе пари за парфеми одколку некој што еднаш во годината купил парфем од +3000 денари.
    Знаеш зошто, затоа што од оргиналниот парфем е доволно да прснеш само еднаш и да мирисаш цел ден, а од копијата што ќе ја купиш 200 денари за 15мл треба да шприцнеш 5-6 пати да речеме два пати у денот, а можеби и повеќе. Па според тоа сигурно барем два пати во месецот купуваш парфемче.
    400х12= 4800 денари, за тие пари можеш да купиш преубав оргинален парфем од 100мл, кој ќе ти трае можеби и повеќе од година дена ако не се бањаш во него. Види сега која инвестиција е подобра и попаметна.
    Така да и ти можеш слободно да ги донираш истите пари. :)
     
    На Veki4kaa, Marossa, LaraSolare и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Annabel Lee

    Annabel Lee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    @tinkerbelll Каде тоа пишав јас дека е глуп некој? Тоа сама си го заклучила немам ништо со тоа, ако се пронајде стварно извини. И незнам зошто пак вас ви е чудно тоа моето дека ми е безврска да трошам скапи парфеми, ете безврска ми е, треба тебе да ти се правдам зашто ми е безврска?
    Инаку точно е тоа дека не знам кој каде донирал, ама се гледа колку се пусти темите во хуманитарни акции, а колку тука се пувате со скапите парфеми секој месец со различен. Ма дај молим те.
    И како што ти кажа, ете слободно можам да те цитирам, најдов еден баш паметен дел од твоето мислење : За тебе е глупаво,а на друг пак може му е глупаво нешто ти што правиш па никому ништо.
    Ете тоа.
    Ко за гуша да ве фатив, или почнав да ви ја дерам кожата да не мирисате на парфем од D&G, или во слободно време крадам парфеми по куќи, па се кријам по подруми и гаражи и се прскам скришно, се насладувам на туѓиот скап парфем мммм :inlove:. Свашта.
    @mims-89 Ако израчунаме убаво јас месечно давам по 300 ден за парфем, затоа што Tesori ми трае по 4-5 месеци верувај или не. Не штедам на него, ама мирисот си трае, кој имал знае.
    И кој парфем побогу трае една година? Тоа могуќе е да се деси ако прскаш еднаш неделно по еднаш од него, незнам таму како одат тие работи вие кажете ми како се користат?
    Така да, можеш слободно да си го прочиташ коментарот што у осталом малку ми нема логика парфем да трае повеќе од година ама ок.
    И за крај. Сеуште никој ми нема одговорено на моето прашање. КОЈА Е ПОТРЕБАТА ДА СЕ ЛАЖЕ ЗА КОЈ КАКОВ ПАРФЕМ КОРИСТИ? Ако тоа не ја покажува материјалната состојба на поединка, зашто тогаш ви е срам на сите што се излажале тука, да кажете дека не користите оригинали? Ајде, ќе почекам може ќе се најде некој да ми го разјасни ова прашање.
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.018
    Допаѓања:
    81.359
    Пол:
    Женски
    А зошто мислиш дека некоја би лажела каков парфем користи? За лајкови? За што? Мислам, понекогаш навистина се оди од крајност до крајност со прашањата и излагањата и тоа без потреба. Нека си се лажат самите себе тие кои лажат и свршен чин.

    Оригиналните парфеми во странство се каде каде поефтини за разлика од тука. Или златен фришоп, скоро секогаш кога сум била имало и те како добри попусти, па сум можела да купам прекрасен парфем дури по цена под 2000 денари.
    И не знам зошто тоа „да трае цела година“ го сфати толку буквално, па сигурно дека шишенце од 30 мл нема да трае цела година ако се прскаш секој ден макар по еднаш, но тоа од 50 или 100 мл ќе трае и година ипол.
    Јас и мајка ми втора година по ред како цело лето го истеравме со Лајт Блу-то на Долче, а којзнае од кога е купен, така да, баш мислам дека е вистина тоа што го кажаа погоре.
     
    На LaraSolare, bittersweet, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Kimora

    Kimora Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.037
    Пол:
    Женски
    Секој си има свое мислење нема потреба од толку возбудување.

    Според мене,многу повеќе се исплаќа купувањето на квалитетни пафреми од многу причини,впрочем секое купување квалитет е своевидна инвестиција бидејќи она што е квалитетно трае многу подолго,па така немора по еден месец да се купи ново.Тука не мислам само на пафреми туку и јакни,капути,чевли итн.

    Што се однесува до парфемите,апсолутно се согласувам со феминките кои велат дека поквалитетните парфеми побавно се трошат.Еден парфем од D&G,Givency,Dior итн.,може да трае речиси цела година(ова го зборувам од лично искуство),секако доколку не се бањате во него.

    И нормално дека нема потреба од лажење кој каков користи,бидејќи форумов е анонимен и какво фајде има некој да се фали со тоа?

    Крај краева,секој си прави она што му одговара.За некој е подобро да дава 300-400 ден месечно за пафреми(што испаѓа околу 4000ден годишно),а друг ги дава тие пари наеднаш и е обезбеден за цела година.

    И никако,ама баш никако не може да се определи дали е некој богат или не врз основа на парфемот кој го користи,току поради мојава пресметка погоре,па и потребата од лажење е несфатлива.
     
  5. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    @Annabel Lee Ти требаше да се појавиш во мојов живот за да си се пронајдам во твоите постови и да се посомневам во мојата интелегенција (facepalm)
    Девојко си имаш ти некој проблем чим дојде на форумов да не просветлиш за моменталната ситуација во земјава и се фати како слеп за стап за парфемиве.
    И да,јас ако донирам и колку донирам ти НИКОГАШ нема да прочиташ во темата за хуманитарни акции,затоа што тоа се прави сришум а не на разглас.
    Јас дискусијата со тебе ја завршив,немам намера ни да те цитирам ни да ти докажувам знаеш сама каде и што си напишала,ако си заборавила иди прочитај пак и ај не ми се прави многу наивна. Ај чао :hai:
     
    На LaraSolare и macka91 им се допаѓа ова.
  6. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    564
    Само на нашиот форум има вакви препукавања од кои искрено ми е прегу глава. Тука сум да читам нешто корисно, а не како некој се расправа. Ова јавно препукување многу кажува за една личност каква е. На сите други форуми кои многу поретко ги посетувам (црпски и хрватски) немам ниту еднаш, ама ниту еднаш забележано дрско и безобразно понашање, туку баш напротив сите се пријателски расположени. Затоа ве молам сите да се однесуваме како што ни прилега.
     
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    10.246
    Не Annabel Lee ти не мора да ни се правдаш за ништо, ама ние на тебе мораме...зошто трошиме толку, зошто не донираме кај некои сироти дечиња и сл. како да знаеш ние што правиме надвор од овој форум, па сега наоружана со јаки аргументи ќе не напаѓаш.

    Мене се' уште не ми е јасно како не разбираш што сакам да кажам? Како можеш да кажеш дека моите пари се залудно потрошени? Ниту некој ми ги дал тие пари, ниту банка ограбив за да дојдам до нив, што значи дека на никого и не полагам сметка за тоа каде ги трошам и што правам со нив. Јас си работам за нив, јас ќе решам што е залудно, а што не. Верувам дека повеќето овде бурно изреагираа на твојата дрскост кога реши да се грижиш за тоа како и каде се трошат ТУЃИТЕ пари. Во неколку наврати упорно се обидуваш да им раководиш на сите со финансиите затоа што очигледно си убедена дека само твоето мислење е она правото.
    Со се што изнакажа до сега не само што беше зајадлива туку и сите тука што постирале на еден или на друг начин ги направи снобови и расипнички што бесрамно ги трошат своите пари на парфеми наместо да ги донираат во добротворни цели. Дури успеа и другарката да си ја истролаш, само за да докажеш дека си размуна и економична.
    И можеби има разлика од нос до нос, но Тесори и Д&Г да ги споредуваш е рамно на тоа да споредуваш Бог со шеширџија, барем за мене, но не би разложувала понатаму, очигледно е дека нема да се убедиме.

    Дискусијата ќе си беше сосема на место ако се задржевме на моментот која е разликата во квалитет помеѓу едните и другите и ако не почнеше да мешаш баби и жаби.

    И што не ти е јасно за лажењето? Луѓето лажат сушат во реален живот, многу реално е дека лажат и по форуми и социјални мрежи. Причините се многубројни, ќе треба да се префрлиме во подкатегоријата за психологија :) Тоа што го кажав беше со цел да разјасниме дека не се сфаќа се здраво за готово овде на форумов, нормално дека не верувам во се што ќе прочитам и видам.

    За сиромаштијата во Македонија исто така ќе дискутираме на други теми посоодветни за тоа, па можеби и ќе наидеме на заеднички став понекогаш.

    @cocopuff Не знам зошто секоја малку побурна расправија ја сфаќате како виртуелна тепачка. Едвај десетина мислења се разменија без некои директни навреди со додавање на епитети или со загрозување на било каква приватност преку изнесување на некои лични информации. Не гледам дека изби некаква војна ниту дека има основа и желба за дискутирање до бесконечност, скоро се е кажано и повторно ќе си се врати темава во онаа состојба на која сме навиканти - да си постираме сликички од разни парфеми и тук-таму да прашаме по некое прашање.
    Јас лично го сакам повеќе форумот кога има дискусија, па макар и ваква, затоа што од сликовници и до монотони дискусии каде што сите се тапшаме по рамо ќар многу нема.
    Би сакала да разменувам мислења и корисни информации, за тоа и сум на форумов. Да понекогаш и ќе се спукаме, па никому ништо.
    За секоја посериозна расправија си има модератори и администратори што треба да одлучат какви мерки ќе преземат.
    Форумов иако е виртуелно катче функционира многу слично како онаа реалноста во секојдневието што се наоѓа надвор од мониторите, тоа е нешто што сакав и погоре да го објаснам, така што стварно не разбирам каде е проблемот.
     
    Последна измена: 22 ноември 2014
    На bittersweet, anuskaNESTLE, tinkerbelll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
  9. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    564
    @Giovanna јас форумот го разбирам како место каде треба да прочиташ нешто што ќе ти биде корисно, ќе прашаш нешто што те интересира или пак ќе напишеш нешто кое на другите ќе им биде од корист.
    Не зборувам конкретно за оваа дискусија која ја развивте неколку феминки (не зазимам ничива страна), туку општо за сите дискусии од овој тип. Нормално е да има несогласувања помеѓу корисниците на форумов, ама сметам дека може сето тоа да се реши на многу поубав начин. Навистина имам прочитано премногу мислења на различни теми кои буквално напаѓаат некоја одредена феминка и тоа никако не е во ред. Тука е секој дојден да напише мислење поврзано со темата во која се наоѓа, а другите можат да го прифатат мислењето или не. Во случај да на некоја феминка не и се допаѓа мислењето на друга феминка, не треба да се развиваат караници кои се по 3 страни, туку може секој да си го искаже својот став и на пример зошто не се согласува со претходниот. Другата феминка пак не треба да се буни, расправа или да го наметнува својот став, туку треба да го почитува и другото мислење. Сепак секој си прави како му одговара. Не го сфаќај мислењево лично кон тебе...се однесува кон сите феминки, а воедно и кон мене.

    Конкретно за дискусијава која овде се разви, не сум од ничија страна во однос на размислувањето. Сметам дека секој треба да си прави како што му одговара. Ако имаш пари во моментот и сакаш да си купиш некој поскап парфем, купи си го. Јас имам и оргинали и копии. Имам и од оние поефтините варијанти (парфеми на бијонсе, кејт мос, хали бери) до кај 1000 денари што се. Не ми е воопшто битно дали ми е парфемот некоја позната марка от типот на живанши, гучи, ланком, версаче или пак ми е би-ју, с-тру, тесори, економик, ла риве. Ако ми се допаќа и ако сум во моментот во можност да го купам, ќе го купам, без разлика дали е 200 или 4000 денари.
     
    На leona83, Annabel Lee и Giovanna им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    @Annabel Lee мојот коментар е полн со логика и математички доказ имам плус :lol:
    Се шалам, не беше таа пресметка направена конкретно за тебе, ама еве во просек така е. На пример другарка ми еднаш месечно купува B.U. од 30мл, а го плаќа околу 300-400 денари.
    Тесори немам пробано, читам дека многу ги фалат на форумов ама не ми дошле при рака. Незнам колку милилитри се и колку траат, но ако ти тврдиш дека тоа е така тогаш ќе рачунам дека е така.
    Не го сфаќам тоа што рече дека месечно трошиш по 300 ден за парфем, незнам која е цената на Тесори, ама пак излегува дека трошиш 3600 денари во годината.
    Јас имам користено доста оргинал парфеми и слободно можам да кажам дека парфем од 100мл ми трае по цела година, секој ден се прскам, освен некогаш ако заборавам или ако седам дома па да не се прснам. Сигурно ни ти не се прскаш буквално 365 дена во годината. Верувај дека траат и по година дена, еден го добив на подарок баш лани за Нова Година и имам уште помалку од поливина од него. Ќе го трошам сигурно уште неколку месеци.
    Додека бев студент секако неможев да си дозволам скап парфем, ако добиев на подарок евентуално, но откога работам со задоволство си купувам. Што на попуст, фришоп или онака од ќеиф е моја работа.

    Во однос на лажењето што се замарате? Ко божем само на оваа тема се лажело, во СДК не се лаже :D Кој си лаже нека му стои така, а кој си кажува вистина си мириса убаво. ]:)
     
    На LaraSolare, senza.parole, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Annabel Lee

    Annabel Lee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    @Giovanna Никој на никому не треба да се правда, гајле ми е мене вие каков парфем користите. Кажав и пак ќе кажам, мојот прв коментар беше само еден израз на чудење, како поинаку да го објаснам ова незнам. Немав намера да навредам некого, ако некој сам се навредил и ги сфатил моите мислења како такви тогаш тоа искрено не е мој проблем. Треба да сум ненормална ако уживам додека навредувам виртуелни фаци, и тоа да ми предизвикува задоволство. За тоа дека моето мислење е она правото, далеку од тоа, јас во тие повеќе наврати зборев за СЕБЕ, за моите навики, и за тоа јас како размислувам.
    Друга работа, очигледно е дека ги извртуваш моите зборови, не правев споредба од Тесори до D&G, туку кажав за СЕБЕ значи лично за СЕБЕ, дека има и ефтини парфеми кои траат. Тесори го спомнав заради трајноста. Незнам зошто не се сфаќаме.
    Инаку вака можеме до другиот Ноември, се вртиме во круг постојано. А за оние на кои му е преку глава од препукувања сосема се сложувам со тебе. Побогу, неможеме сите да мислиме исто, да се сложуваме и да шириме мир во светот, препукувањата траат одредено време и толку. И најчесто мислењата остануваат исти како и првичните, но бар не е монотоно. На форум сме, а ова е дел од него. Ама сега ќе постирам слика од мојот парфем, и ќе ставам едно смајли со срциња за да покажам колку го обожавам, и темава да се врати во нормала.
    @mims-89 Па ок ова во ред е за оние кои купуваат месечно парфеми, но мене Тесори ми трае 4 месеци, па јас во годината трошам многу помалку за парфем далеку од цифрата што ми ја пиша. Ама мање битно е тоа. Чисто за споредба сега барем знаете дека има парфеми кои се ефтини и траат.
    @tinkerbelll Да, драга јас дојдов специјално со таа намера тука. Да ја најдам веднаш темава за парфеми и да почнам да ве ''навредувам''. Инаку не ми е јасно зашто поимот дискусија го поистоветуваш со терминот слеп за стап, е ова најмногу ме интересира и сега баш ми е жал зашто не сакаш да ме цитираш и да дискутираш со мене. [​IMG]

    Еве продолжете со вообичаената ''дискусија''.
    [​IMG]
     
    Последна измена: 23 ноември 2014
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    nd.14982.jpg
    Ова ми е новата љубов, La Vie Est Belle од Ланком, го добив на подарок.Многу е слаткаст таков шеќерен, гурмански и траен е се задржува и на кожата и на облеката дури и косата ми замирисува.Ама не е тежок таков да паднеш у несвест иако е ванилест, у исто време е и чист и софистициран баш е грли.Ептен ми е погоден.:inlove:
     
    На rainbowec, senza.parole, t-sweet и 4 други им се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Дали во последно време сте го виделе Шанел 5 некаде да се продава?
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Шанел не се увезуваат во Македонија. Официјално.
    Се што ќе најдеш ако најдеш не е оргинал.
     
    На joy1 и macka91 им се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Претпоставував, порано го имаше знам, го купував ама сега последно време не ми паднал во очи по парфимерии.
     
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    @mims-89 и @Annabel Lee и двете сте во право. Не, не сакам да ја продолжувам дискусијата, ама и двете сте во право. Мимс е во право за оригиналите ама и Аннабел е во право за тоа дека кога некоја членка прашува за парфем не треба да тргнуваме од себе. Понекогаш навистина претеруваме со скапите производи. Да парфемот ќе и трае подолго ама сепак тој некој ќе треба да си ги скрати финансиите за тој месец за да си го дозволи парфемот. А реално ако некој зема плата од 10000ден, за жал тоа ќе биде третина од неговиот буџет за тој месец. Па така сметам дека не би било лошо кога даваме предлог за производ да ставаме и поефтини варјанти. Јас сум сигурна дека Мимс знае некој солиден парфем кој чини помалку и дека ако и беше дадена цена ќе пишеше спрема цената. А дополнително сум сигурна дека и целта на Аннабел не и беше некој ненамерно да го навреди туку да не потикне да гледаме од двете страни- доколку членката има пари и доколку нема.
    Еве на пример моја поефтина варјанта,предлог за девојката би била [​IMG] [​IMG] намерно ги ставив заедно затоа што така се продаваат а чинат заедно-700ден. Понекогаш доволно ќе ти биде да ставиш само лосион, толку многу мириса исто како да си ставила парфем. Одлична поефтина варјанта.
    Воедно ќе ги замолам оние кои сите парфеми ги добиле на подарок, да не се фалат со тоа. Затоа што, тоа не е за фалење. Ако си добила поскап подарок, сигурно и ти си дала поскап подарок. Исклучок од ова правило е само ако си спонзоруша. Што повторно не е за фалење.
     
    На rainbowec, MiloMalo, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Јас го купив лани, во грчкиот фришоп кај Гевгелија го има.
     
  18. Dzes88

    Dzes88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Моментално го користам Versace crysral noir и заедно со Chloe ми се омилени и незаменливи :inlove:
     
  19. Pipaa

    Pipaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Што побогу има лошо да добиеш парфем на подарок? Си коментирате без врска... Од каде знаете кој му/ми ги подарил? Можеби се од родител, брат, роднини, дечко и има некој убав повод за тоа. Конкретно јас имав пишано дека ми се на подарок сите добиени па затоа прашувам... @kolovoz
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Уште кога прв пат излезе парфемов имаше тестер во едно списание и буквално се опседнав со мирисот. 24/7 го душкав. После некое време дојде во мои раце, година ипол го користев и баш прееска му дојде крајот. :lol:
    Засекогаш омилен!

    [​IMG]