Колку што може да се види темата е за женски парфеми, а не за скапи женски парфеми или пак само за ефтини женски парфеми. Некој бара препорака, ако имам нешто на ум давам предлог, па така неколку страни поназад имам дадено предлог за скапи оргинал парфеми, затоа што така и го сфатив прашањето за предлог. Добар жеснки парфем мене на тоа ме асоцира, ако беше наведена цена ќе предложев според цената дколку знам, ете имам и Бенетон предложено исто така затоа што некој навел дена бара парфем до 1000 денари. Незнам дали е работава за фалење или за жалење, секој си пишува од искуство, неможеме сеа сите да се замараме дали некој лаже или не, дали дома го има парфемот или само го мириснал во парфимерија па го дал како предлог. На крај па зошто некој да не се пофали и не си каже впечатоци, било да го добил на подарок или не. Значи темава е за женски парфеми, а не за психолошки анализи. Кој што сака нека си користи во зависност од своите можности, ама глупо е да се генерализира, демек оние што трошат многу пари на парфеми се глупи и плитки, а оние што користат ефтини па се многу паметни и великодушни затоа што останатите пари ги донираат. Дискусијата беше затоа што на Анабел не и беше јасно зошто да се трошат толку пари кога може и помалце, па се обидовме малку да подобјасниме. Тоа не треба да се сфаќа како карање или незнам што. Незнам и зошто тоа го гледате како фалење, па секој може да пише што сака, јас па баш се радувам кога ќе видам дека некој си купил нешто убаво и скапо било да лаже или не, тоа не ме интересира, битна е реакцијата која го направила среќен тој член. Ако некој се фали зарем треба да му љубоморам и да го фатам за врат? Целта на ваквите теми е споделување на искуства, барем според мене, не терба да се гледаат темиве како нешто за фалење, зар пред непознати луѓе треба да се фалиме и да добиваме признанија?
Кажете ми дали и каде можам да го најдам парфемов http://niechwiedza.pl/upload/avatar...rfume-dama-100-ml-op4_MLM-O-74085901_8127.jpg
Каде можам да го најдам парфемов? Не сум од Скопје а добив информација дека во Космо го имало.Ако некоја го користи ме интересира дали е добар и долготраен, колку пари и дали има летена миризба.
Препријатно сум изненадена од Брбери, јас лично не бев некој голем фан на нивните парфеми,се додека не го мириснав Burberry Brit, тотално мој тип на парфем. Траен, лесен но забележлив. Малку подрискретен од Версаче кристал ноир но малку повпечатлив од Шанел тендре. Мојот е сто милилитри, го платив 60 долари и мислам дека е навистина полн погодок за овој парфем.
Ок...се заљубив. Ме освои од прва, преубав и впечатлив парфем, некако бран од енергија ми надоаѓа кога ќе го мириснам. Се' мислам дека ќе се почастам за празнициве
Некоја има користено од Pien парфемите некои копии на оргиналите биле,сакам да пробам 55 мл 200 денари демек биле Задоволни сте од трајноста,да не се од оние како тие на точење што се?
Јас ги имам користено, конкретно Lady milion и Chanel 5. Мене ми држеа околу 3 до 4 саати, но се на се добра копија беа овие два. Не очекувај којзнае каков парфем, за секој ден се ок. Јас од Рамстор си зимав 500 ден беа 55 мл, може сеа нешто попуст имаат, малце чудна ми е ценава
^ Не знам можеби имаат некоја промоција бидејќи сега нема 2 недели кај што го отворија продавничево во градов кај мене.
Засекогаш омилен. Толку добар, впечатлив мирис има. Инаку да прашам овој спрејов на дали има пристап до сите парфимерии. Другарка ми го добила како подарок и таа нема поим од каде е. Нежен мирис има и многу ми се допадна.