Никако во рачен багаж парфеми, креми, пасти и сл ликвиди. Немаш потреба. Освен може само она што е купено од фри шоп. Само ќе го пријавиш и нема проблем.
Имам користено повеќе врсти на парфеми од познати марки до не толку познати..но дури сега се уверив дека цената нема врска..пред неколку дена влегов во маркетот kipper и си купив парфем за смешна цена од 100 и нешто денари од 400мл.. Парфемот се вика теона и неверојатно колку трае а башка тоа добро мириса сите другарки ме прашуваат од кој парфем имам ставено бидејќи им мирисал прекрасно, и не им се верува дека толку чини
Заљубена сум во парфемот на Pull and Bear поради три нешта: 1100 денари е (100 мл), трае мноооогу долго , дури накитот ми мириса од него , и најбитно нема маж што го нема забележано.
Јас го имам порано користено и убав е и долготраен. 100 мл е 5670 ден.а од 50 мл мислам дека беше 4250.
D&G Light blue ми е омилен парфем на сите времиња,го користам веќе неколку години и никогаш нема да ми здосади. Light blue за мене е класика парфем за сите годишни времиња ,но најмногу пролет/лето.Нотите му се повеќе цитрусни,така да ако уживаш во цитрусен,нежен,женствен парфем сигурно ќе ти се допадне. Не останува незабележлив во никој случај,а и трајноста му е доста солидна, За цената зависи до кај 4000 ден мислам беше од 50,не сум сигурна зашто јас не го зимам од кај нас.Знам дека летоска беше 2000 ден за 50 мл на попуст.Нема да згрешиш,ова за мене е парфем на сите времиња,љубов ми е. MAIN ACCORDS citrus woody fresh fruity aromatic Мене следен на листата на желби ми е See by Chloe преубав,за пролет/лето совршен ,нежен и премногу траен. MAIN ACCORDS floral aquatic white floral green fruity woody
Парфемов е еден од најубавите мислам (барем според мој вкус) . Ако сакаш појаки парфеми тогаш ќе ти се свиѓа. Долготраен е и тоа многу. Во Македонија не сум го видела искрено,колку што знам нема увозници за Шанел,ама во последно време сите викаат дека го имало во Шатци. Ја го набавувам од странство и е околу 160 евра.