На фришоп може да е поефтино не сум видела колку е. Јас пред две недели се вратив од Швајцарија и толку беше.
Парфемов е јак, ама прекрасен! Јас сум воодушевена, прв пат кога го прснав на себе бев као ауууууууууу па ова е отров колку е јако... ама кога ќе си легне е нешто најубаво, најженствено. И да, од сите тоалетни води и парфеми што сум ги имала, овој дефинитивно за трајност е ВРВ. Последен пат прснав од него мислам дека пред недела ипол и јакната уште ми мириса!
Парфемов случајно го видов во фришоп на аеродром и ми остави некој впечатлив мирис , го имате сретнато некаде во Македонија ако да во која парфимерија ?
Мене ми е донесен од Америка, така да за цена не би знаела да ти кажам... али доста скапичок е. Среќа мене сестра ми ми го прати, иначе тикви што можам да си го дозволам.
Го имаш во грчкиот фришоп, 50мл.-67 евра, барем лани беше толку. Ненадмината класика е парфемов, заљубена сум во него. Позимски е, тогаш најмногу доаѓа до израз целата негова опојна, женствена, заводлива, мистична нота. Можам и песна да напишам за Матмазелов, толку ми е на срце.
Премногу е јак за мој вкус, не сум јас за вакви тонови, сакам нешто помалку нападно, да не оставам облак од парфем позади мене. Го купив од Турција за некоја смешна цена која не беше ни 20 евра и до ден денес сум во мисла дали е многу добра копија или оргинал, зашто ептен е траен, дури и до ден-два знае да се задржи.
еуфорија келвин клаин, секогаш се враќам на него, и поновиот блосом ми се допаѓа, сепак овој првиот најдобар. 90 мл околу4000 ден, зависи од која парфимерија
Јас го имав користено и трае ама во собата и тоа цели пет минути Кога ке се напрскав целиот мирис остануваше во местото кај што ке се шприцнев а иначе на мене не се задржуваше мирисот повеќе од 10 минути. Јас лично не сум задоволна. Поефтин од него е Тesori D'Oriente и многу поубав 300 денари е и цел ден мирисаш. Препопрачувам
Здраво девојки и женички ! незнам дали тука да го поставам прашањето вака сакам да купам нов парфем последен што го земав беше lady milion па би сакала некој предлог за убаво парфемче...
Chloe Eau de Parfum Мојата нова љубов.Незнам како до сега ниту еднаш не ми привлече внимание парфемов да го мириснам.Сите предходни парфеми што мислев дека ми се допаѓаат и дека тоа е тоа што го барам се нула во споредба со овој.Парфемов е тотално јас,никогаш не мислев дека мене ќе ми се допадне парфем со цветна нота,ама очигледно сум била во заблуда. Ова е најженствениот ,нежен,пудраст,секси парфем на сите времиња дефинитивно.Трајноста му е огромна,значи немам зборови. Немам намера да го сменам,исто како Light Blue парфемов е ,како за мене направен.
Женски да ве прашам, го користам парфемот на Beyonce, Midnight heat. Прв пат го купив пред 2 години во една локална парфимерија и многу бев задоволна, значи трајност имаше невидена, облеката ми мирисаше 2-3 дена на него. Сега пак го купив пред еден месец од Космо, парфемот си нема допирна точка. Не е воопшто траен, а разликата ја имаат приметено и неколку другарки. Приметив дека на претходниот парфем имаше како бел бар код закачен за паковката, додека на овој нема. Ја немам фискалната иначе ќе им го рекламирав, стварно не знам што продаваат.
Белиот бар код што стои на надворешната е фолија е аларм, нема никакво друго значење. Тие се лепат за да не крадат производи, затоа на некои им пишти кога ќе искочат од продавница . Нема врска со квалитетот на производот. Може да бил со истечен рок тој што си го купила, не стојат повеќе од 5 години парфемите или го смениле квалитетот во меѓувреме.
Парфемите на Каролина Херера дефинитивно ми се нај, сите ми се преубави, баш по мој вкус Моментално го имам Sexy и мислам дека овај никогаш нема да ми се здосади