Не знам Ели, не сум проверила затоа што го набавив пред некое време па не се вратив да купам. Не ми е од тука, не ми се чекаше до попусти. Не верувам дека е чкарт, би требало дистрибутерот да биде истиот како за Космо но не сум сигурна навистина. Земи еден за проба, да видиш дали ќе ти се допадне како трае.
Колку пари е парфемчево од 30мл и 50мл кај нас ? Некој знае? Дали се исплати повеќе од странство да ми го донесат, или тука да го купам. На мисла сум
B & U Тоалетната вода (Wild) жолтата. Зошто никаде неможам да ја најдам, ни низ Маркетите, ни во подобро снабдените Аптеки, ни во Парфимерии, а омилена ми е Ме потсетува на студентските денови. Порано, секаде ја имаше, но сега никаде. . .
@Marmalade колешка го има, ја мирисам секој ден и ужасно е тежок. Мене ми е претежок, не би можела да го носам на мене во никој случај. Не дека не мириса убаво, но е зимски, дефинитивно. Ако си љубител на јаки парфеми, тогаш можеби ќе ти се погоди.
Dali parfemite vo Eliksir se originali? Ne sum od Sk no sakam da kupam parfem od tamu pa ako moze da mi kazite iskustva
И во Шатци се оригинали. Многу пати потврдивме дека имаат исти добавувачи и Космо и Шатци и Еликсир, така да тоа дека Шатци продава фејкови не е точно. Во Шатци козметиката ко Худа и Меис е кинеска, другото е во ред, на сè си пишува увозници.
Јас лично од искуство зборувам. Парфемите од Шатци и парфемите од други места за кои знам дека сигурно се оригинал- не се исти. Не знам. Еве може грешам.
Па и јас зборувам од искуство, затоа што имам информација од сигурен извор. Добавувачот е ист за сите парфимерии, не може покрај тој факт во Космо да носи оригинали, а во Шатци не. До самиот парфем е - пратката, начинот на чување, па и рокот на траење. Особено пак ако се работи за постари и не толку комерцијални парфеми, слабо се трошат и им стојат долго време таму.
Девојки барам парфем да биде така полесен ко за на пролет на лето. Свеж цветен, нежен ама сепак впечатлив и еве да речам забележлив, да се осеќа, да мириса убаво. И по можност да биде со лосин и гел за туширање. Што би ми препорачале?