За навечер е одличен, го имам користено во секое годишно време, ама за преку ден кога е потопло не ми е. За разлика од него, штиклата CH Good Girl ми е ептен парфем за целата година, без разлика дали како денски или вечерен. Дури чудно ми е, затоа што не сум љубител на јаки парфеми, а овој ми е многу нежен и eптен ми е чудно кога го класифицираат како „тежок“ мирис. Најдобро да си пробаш сама пред да земеш, зашто очигледно сите имаме различна перцепција околу тешките мириси. Црвениот од сликава горе пак ке кажам, ми беше омилен долго време, многу убав парфем. Само не знам дали ќе ти се допадне за преку ден во потоплите денови.
Pull and Bear розевиот. Баш е таков пудрест, сладок, свеж. Од 1200 сега гледам намален е на 990, 100 мл.
Предлог од тоалетните води на Bruno Banani погодна за овој период од годината? Читам рецензии, сите некако ми се слични, овошни, цитрусни... А за жал немам каде да ги мириснам...
Boss - The Scent Има парфем и тоалетна вода и некое од нив беше на попуст во Еликсир. Мислам дека со попустот цената доаѓаше околу 3.300 денари. Види дали ќе ти се допадне, трајни се и парфемот и тоалетната вода. Мирисот е прекрасен.
Ти благодарам! Машките ги знам, последно го користев Boss night bottled, траен е доста и баш од Еликсир го земав, со мал попуст, ама не до толку Убаво изгледа шишенцево, фала уште еднаш.
Само не сум сигурна дали тој од 30мл беше 3000 и нешто или тој од 50мл, тоа можеш да провериш ако одиш натаму. Се си мислам најмалото шише беше таа цена, ама како и да е се исплати и така, ептен е добар парфемов. Друго не ми текнува што беше околу таа цена, ако ме носи патот натаму, ќе проверам утре и ќе те тагнам.
Tom Ford ,Karolina Herera , Ysl Black Opi? (Mi treba vpecatliv i jak , no da moze i vo leto da se koristi)
Том Форд Нероли портофино е прекрасен за во лето. Блек опиум според мене е ептен зимски парфем ама пак ти види си дали би ти одговарал. Од Каролина Херера плавата штикла ми е супер преку цела година, специфичен парфем е но мене не ми е јак или тежок.
Каролина Херера штиклата е баш таков јак и впечатлив, мене ми се има случено со денови да ми мирисаат алиштата, и го користам повеќе за вечерни прилики. Black opium го имам floral shock доста траен и цветен е. Јас би ти го препорачала интенсот од Jean Paul Gaultier многу впечатлив, верувај нема да згрешиш
Експертишта сте за парфеми Повекето бев за black opium , но сите ми рекоа дека е тешки за во лето затоа и побарав мислење тука .... Ке ја земам штиклата црно со плаво , jean Paul баш ке го мириснам утре штом толку ми го фалиш можеби ке биде полн погодок за мене
Предлог парфем кој потсеча на море,кокос или јасмин цветни ноти,ама да трае ??? Експертите нека кажат
Колку се парфемите во Yves Rocher? Денес мислев да купам парфем од Зара за подарок, ама ми даде идеја да разгледам и тука