Јас за на работа го користам. Ама само зима. Онака не се осмелувам. Повпечатлив парфем-нема. Мислам околу 115 евра последно од фри шоп беше 100 мл.Ми трае скоро 2ра година Еднаш се прскаш или двапати. и толку е Овој парфем каков е? Сакам да го нарачам за подарок гледам доста намален е?
Девојки ај помогнете ми не можам да се одлучам помеѓу mademoiselle и good girl? Каква им е трајноста?
Јас го купив Lancome La vie est belle, доаѓа есен па да се подновам. Сакав нешто пресекси. Овој е секси не викам не ама јас сакав нешто повеќе. Препорачајте ми некој парфем што се памти, да остава трага кај и да поминеш онака буквално секс во шишенце ми треба.
good girl јас го имам и ми седи така непотрошен од март месец.Мене ми е тежок и зимски парфем а и за таа цена трајноста не му е ич задоволителна.
Сопругот ми го подари и овој од Том Форд и црниот. И двата јаки, па и ова зимо ќе си ги дружам, море уште од есен ќе почнам. Сакам јаки парфеми.
Мене баш ми е трае , чудно. Од каде го купи? Инаку типичен зимски да. @Kija94 мадмоазел Само-и тој ти е зимски Друг некој имаш на ум да помагаме ?
од Шатци ништо чудно да е фалш Мм додуша ми го зеде..скоро 7000 беше со лосион за тело.Неможам да прежалам парите оти стварно не го бива
Јас искрено се сомневам кај нас во парфемите , имам пишувано (acqua di gio од еликсир и фри шоп , абе ги мирисам и прскам и двата тој од еликсир гола вода беше. ) Затоа веќе не купувам од тука Значи маживе наши ист вкус И мојот од Белград ми го донесе околу 100 евра го зел.
Aqua di gio го имам и јас катасѕрофа ми е. 1саат максимално се осека после ништо како да немам ставано парфем. Инаку да зимски парфем барам. Ако имате некој предлог плус не е на одмет.
Мадмоазел поклон ми е последен и многу го бендисав. Сама си го купив бурбери the beat без да мириснам тестер, јер..попуст, и не ме очара баш.
Тие од фб речиси сите се донесени од Турција, па ќе да се некои копии кои ги шиткаат, а народов ги преплаќа. Тестери не знам каде може да се купат, во нашите парфимерии не ги продаваат. Некои парфеми на попуст можат да се најдат по сосема пристојни цени до кај 2500-700 не се лажи да нарачуваш тестери. Подобро копија на парфем отколку прескапо платен "тестер" од фб.
Девојки, гледам во еликсир парфимерииве имаат попуст, па прашањето ми е дали парфемите им се оригинал? Не сакам да дадам 100 евра за нешто што не е оригинал и најбитно да е траен. Дали некој има искуство со купување на парфем во Еликсир? Фала однапред
Касно веќе, купив од фб Проверував на интернет, секаде кај што најдов како изгледа оригинал тестер пакување го споредив со мојот и исто е, а колку е парфемот оригинал не знам, битно пакувањето е Ама според траењето (3-4 саати) ваљда е копија
Женски предложете ми некој (по)траен парфем, нежен мирис по можност да има нота на ванила, до макс 500ден. Слабо стојам со пари периодов па..