Од некои niche брендови има во Анабела Мериот на плоштад, ама мислам дека ги нема Le Labo и Byredo. Најблиску што знам дека ги има се Byredo во Белград, во niche парфимерија Метрополитен.
Знам дека е одамна поставено прашањево, но да си кажам. Врска си немаат тие "оригинални тестери" што ги продаваат кај нас со оригинален парфем. Како за друг парфем да се работи. И неколку оригинали и тестери од ист парфем сум купила бидејќи ме интересираше, скроз врска немаат еден со друг
Дали се убави парфемите на women secret? Дали вредат за цената? Сите мирисаат преубаво ама битно ми е да се ептен трајни.
Женски,имате ли користено од парфемите што ги продаваат како оригинални тестери по илјада и нешто денари? Дали се трајни ме интересира.Инаку од ваму кај што мислам да купам од Турција ги набавуваат,и предпоставувам дека се копии на оригинал а не тестери.
Копии се дефинитивно ,подобро за 1000 како купи си од Космо некој парфем отколку за лоши копии да даваш Другарка си купи и ми се жалеше дека не се трајни.
Јас купував порано такви и не сум задоволен. Ем што не мирисаше, па кожата ми се изритира и почна да ми црвенее. Подобро плати си 1.000/2.000 денари повеќе, ама ќе си користиш оригинален и од парфимерија. Следи ги на фб страните, имаат стално попусти парфимерите. Цените скоро се исти кај сите.
Најискрено ви го препорачувам Blossom од Jimmie Choo. Поубав парфем јас во животот не сум поседувала. Нема кој ми нема кажано дека мирисам преубаво. И што е најдоброто трае по цел ден. Не знам дали го има кај нас, меѓутоа ако сте во можност да го најдете, верувајте нема да згрешите.
Го има. Во Космо мислам дека го видов. Но мене општо парфемите на Џими Чу не ми мирисаат. Исто и Лакосте и Хуго Бос.
На некоја од претходните страни баш пишав за ова. Врска немаат мирисите со оригиналот. Два различни парфема, катастрофа.
Абе ги имам мириднато исто мирисаат.И машкиот саваж мм го мирисна исто мирисал со оригиналот,го користеше.А братучедками омниа корал го купи тестер,исто со мојот оригинал.Ние нашите од грчиот фришоп ги купивме.Баш денес ја прашав,рече траел,сеа не толку како парфемот,ама не се ветрел брзо толку.Е сеа вајда има разни тестери производство па затоа има и разни искуства.
Што знам. Од неколку различни продавачи сум купила тестери, врска немаа. И од интернет и преку познати као ај посигурно. Коко мадмазел од Шанел, Викенд од Барбери, Блу лајт од Долче, Ангели и демони од Живанши, Коралот исто го имав, темниот кристал од Версаче и многу машки, да не набројувам. Море машките тестери подобри беа. Паралелно ги купував со оригинали од фришоп и женските тестери завршуваа како мириси за просторија. Не знам зошто упорно се надевав дека ќе најдам саглам тестер. Последна надеж ми беше Жадор, а го купив истовремено со оригиналот во фришоп во Шведска. Сосема различни, а бе тој тестерот одвратен ми е, јак нападен некој мирис на цвеќе јасмин ли не знам што, ми се слоши. Уште ми стои, не знам што да му правам. За разлика од него, оригиналот е прекрасен, нежен, милина. Можеби па мене не ми се погодиле Не знам зошто воопшто сум купувала толку многу кога си ги имам оригиналите Инаку, Коралот од Булгари бидејќи го спомна, мирисни го од Белина, го имаат копија.
Ми стаса тестерот и искрено мислам дека така мириса,ама не мислам дека е оригинален тестер туку копија.Не се ветрее мн брзо но интензитетот јачината на мирисот бледее,за разлика од кога сум намирисна со оригинал.Али за 1000ден 100мл добар е,врши работа
Јас многу ги сакам тие парфеми кои се осеќаат многу кога ќе помине некој покрај тебе. Јаки се, а убави. Никогаш немам прашано што парфеми се некако ми беше непријатно.Долго време сум го користела хипнотикот и задоволна си бев од него. Ама сега сакам некоја промена. Па има некој да ми предложи таков парферм?