Јас имам користено. Многу сум задоволна од трајноста. За таа цена се супер. Некако најтраен ми се виде златниот од сите. Пробај ги на кожа прошетај се и ќе видиш. Кај секој различно делува парфем
Трајни ли се тоалетните води на Бруно Банани? Во еликсир ги има сет тоалетна вода со лосион за тело за околу 1500 ден.Па дали е добра зделка?
Девојки дали некоја од Вас знае каде би можела да го најдам парфемот Escada Magnetism ?? Или некој сличен на него да ми препорачате..
Го има истиот во Delta Aromatik во Капитол како копија/верзија негова(искрено многу сличен) на 2ри спрат мислам беа. Штанд е одма пред скалите. Го има во форма на парфем и парфемно масло 400 денари е парфемот 50мл, а парфемното масло 1мл 80 денари. Оригинал верзија мислам го нема кај нас одамна. Странство веројатно би се нашол, или преку интернет да порачаш ако сакаш
Можеби прашањето не е за тука но, зошто shipping-ot на FragranceX за Македонија го покачиле на 350$? Додека за Србија е споредбено многу понизок..
Летен, свеж, нежен. Убав е многу. Мене ми е супер за лето пролет. Трајноста солидна. Иако, мене кој и да е парфем што е посвеж и лесен помалку ми трае од оние појаки и благи. Може до мене е
каде може да го најдам lancome hipnose senses, никаде го нема, ако треба и копија нека биде(наливен) ама преубав е!
За копија побарај по оние Економик, Сантини што се по 200денари. Може да го имаат. А, за оригинал само странство, фри шоп и слично. Кај нас го нема стар парфем е. Али случајно ако го најдеш кај нас провери рок обавезно.
Јас имам користено Бруно Банани ептен е добар, дури уште некои алишта мирисаат на него.... Нема да згрешиш.... Е сега не знам дали е истиот, мене од Германија ми го донесоа....