Треба да подарам парфем на една женска особа. Кој би ми го препорачале до 5.000 денари? Да е средна нота, ни јак ни многу слаб или кисел.
Најпаметно отиди до Космо и разгледај тестери и ќе одлучиш кој парфем е соодветен за тоа што го бараш.
Па јас добив таков парфем на подарок и искрено мене лично ми е еднаков на оние пазарскине парфеми габрини што ги нудат , за таа цена ќе најдеш многу подобар парфем во Космо или дм .
Мене сестра ми ми купи парфемче од тие, сега не знам дали беше баш од таа локација, ама битно марката беше таа истата. Лани зимото го користев, копија беше на Crystal Noir, јас го осеќав на зглобовите од рацете и до наредното утро, а мирисот беше идентичен, на тој што си го имам и како оригинал. Искрено јас не купувам такви што се како копии, ама еве од овој имам многу позитивно искуство. Само тој еден го имам пробано. Мој совет, отиди си, секако сите парфимерии имаат тестери, одбери 1-2 фаворити, стави си на зглобовите и прошетај низ молот, ако држи 2-3 часа или повеќе, веќе можеш да го земеш, да не биде од оние кои ветреат додека да излезеш од дома...
https://instagram.com/sansiro.macedonia?igshid=74bif4g4157a Дали некој има користено Сансиро парфем или спреј за тело? Какви се со трајност?
Јас го имав, убав е и трае а дали е летен или зимски не знам , мислам полетен е Препорачајте ми некој парфем до 2000 од космо или дм
Armani Si Fiori Armani In love with you Lancome Idole До 5.000 имаш доста избор. Мирисни ги овие и ако треба пиши овде или лп за парфеми барем можам да помогнам.
Секогаш кога ќе ми се допадне нечиј парфем прашувам од каде да го купам. Ќе го земам и ме разочарува, не трае или мирисот почнува да ми пречи. Единствен парфем кој ми траел по цел ден на мене и од кој бев задоволна беше Нина Ричи розевиот. Ми се потроши и не најдов на free shop ист. Има некои нови кои не ми се допаѓаат.. Не знам кај да го барам, беше околу 50 евра. А многу бев задоволна. Не ми текнува на точното име, но ако ја видам кутијата ќе го препознаам.
Каква е трајноста на овие копиите на Bellina, да вредат за парите и траат подолго од овие од Авон? Сакам нешто трајно да е барем 8 часа.
Имаш тема за тие, а имаш и тука веќе одговори од разни членови, само треба малку да побараш... https://forum.femina.mk/threads/bellina-парфеми.26626/ Edit: Сега видов дека си се снашла...
Victoria's Secret спрејовите ги има во Меркур парфимерија, за овој конкретно не знам дали го има, и цената е околу 1050 денари мислам.
А и џабе прашуваш, еден ист парфем различно мириса на разни луѓе, а има врска со посебниот мирис на кожата кој го имаме. Јас гледам по пријателките кога ќе се прснат со некој мој парфем, воопшто не мириса на нив така како што мириса на мене. Различна е хемиската реакција на кожата и парфемот. Треба сама да си тестираш, а се сложувам со тебе дека поновите парфеми, некако не баш се добри како постарите. И јас тешко наоѓам соодветен во последно време, па гледам да најдам на ебај, постар и проверен парфем.