Не си давајте пари за парфемите на Elizabeth Arden во ДМ видов околу 1200 беше еден, на подарок го добив зелениот green tea нешто пишува. Не трае ни 5 минутки..
Ги користев White tea и 5 Avenue, додуша не ги зедов од МК. Многу ми беа погодени за секој ден, онака ненападни, линеарни, ама траеја на кожа цел ден. Мислиш дека овде кај нас се некои копии?
Не знам. Мене на подарок ми го донесоа зелениот. Не ми трае. А ич не знам од кај е земен. Betty Barclay ми донесоа од Германија, многу траен беше, истиот од овде го имав најдено како водичка беше.. не знам до што е..
Не се копии, истиот увозник мислам дека е за сите парфеми кај нас, но општо познато е дека еден ист парфем на различна кожа различно трае. Мене на пример истото ми се случува со Si. За саат-два не го ни осеќам на себе, ниту пак се чувствува дека сум ставила парфем. Не е за мене, а баш штета затоа што ептен ми се свиѓа.
Да, ист парфем на различни кожи различно се однесува. Јас имам посува кожа и некои парфеми просто летаат од мене за полсаат, како што викаш ти за Si. А Елизабет Арден зачудувачки добро ми легна на кожа.
Јас на Elizabeth Arden го имам тоj Uptown NYC пресовршен е и стално добивам комплименти кога го имам на мене. Ама мислам дека го нема кај нас,бар не сум го видела од Грција го зимам јас
Елизабет Арден одамна ги нема кај нас, не знам зошто. Во ДМ беа околу Нова Година на попуст, ама само White Tea го имаше, стари залихи сигурно. Инаку убав е, а мене омилен ми е 5th Avenue, ама најблиску во Грција може да се најде.
Колку чини Скандал парфемот? Во Сефора ми дадоа тестерче ама тоалетна беше и многу ми се бендиса многу држи за тоалетна
Амазон? Преубав е! Го чекам мм да ми го донесе, инаку во Космо и Дм го има. Премногу ми е секси и по мерак!
30ml беше некаде меѓу 40 и 50 евра, зависи од кое место се купува и дали има некој попуст. Мене ми се допаѓа само во првите 20тина минути, после развива некои потешки мирисни ноти и ми станува напорен, се поретко го ставам. За овој период идеален My Burberry Blush
Прееска бев во Сефора, нема намалување на тој. Слична е цената како и кај нас. Во Даглас има попусти, ама баш тој не е на попуст.
Мислам дека беше околу 3900 најмалиот, од 30 ml. Лани го имав, знам само дека беше скап, ама вреди за сите пари. Потраен парфем не сум имала. Сега имам друг, инаку ќе купев пак за зимава. За топло време не е, многу е јак.