http://www.br0sura.tk/ Еве ја брошурата, на седмата страна го има. Бел е, ама мислам дека шишенцето е поразлично од претходните
Карина ја имам јас дома брошурата,сега го мириснав и ми мириса преубаво.Сепак заради тоа што е без распрскувач не би го порачала ама изборот е твој,можеш да го порачаш.Многу убаво и свежо мириса
И мене тоа ми е проблем, а и така се бањам во парфеми ќе го потрошам за 5 дена, плус и потешко е за нанесување.А инаку слушам само позитивни критики за тоа како мириса.Ај ќе видам што ќе направам.Фала ти Багуфче
Карина, ќе си купиш шишенце за наливен парфем, ќе си го претуриш ПурБланка и готово Вреди за тие пари и плус многу трае. Во овој каталог има многу намаленија, и супер шок маскарата е 200ден. А инаку, не ме тепајте ама мене парфемот од ферги воопшто не ми е убав
Има доста намаленија, да. И јас си ја порачав Супер Шок, тешко да се начека за 200ден Инаку фала ви за советите околу парфемот
Јас на немириснат го порачав, и мене не ми се допадна Што да му правам сега, ме потсеќа на некој стар неубав парфем не знам зошто
затоа што не е убав Е како не немириснат даде 1200ден? Мислам дека толку беше Или дека ти го фалеа, затоа Ај за друг пат ќе си знаеш, на немириснато нема купување парфем
да на немириснато го порачав, и баш ги прашав девојкиве во темата парфеми од авон, ептен ми го испофалија, и ајде пишман 1000 пати сум. Ке си знам за друг пат
Баш пред еден час ми стигна "Outspoken", мене ми е убав ама ми се чини дека не трае многу.. Ајде нека напишат свои искуства тие што го имаат подолго време...
искрено имам полно парфеми, но поклони ми се од странство, а кај нас појма немам како се движат цениве, а баш ме интересира, ако знае некоја нека ми каже, за да споредам! но, никогаш не би дала повеќе од 500 денари за парфем а камо ли 100евра ,,,, а мене лично, од сите што ги имам најубави ми се dolce and gabbana the one, flora by gucci, и nina ricci долче и габана овој скарелт јохансон што го рекламира, мене не ми се допаѓа, оној ROSE, на ружи корне, ко во градина да се наоѓаш, а овој чистиот THE ONE е фантазија... исто на бритни и кристина, не се нешто посебни, не траат долго барем мене така ми делува! но, искрено, немам некоја голема љубов по парфеми, би преживеала и со ефтин а убав дезедоранс од 150 денари! не знам, таков тип на човек сум,! а бон-бонс знам во основно многу ги користевме, и мене лубеницата највеќе ми се свиѓа... кога би ги начекала, би си купила, зашто ми враќа мемории од детството ,
Сакаш да кажеш дека dolce and gabbana -the one и Flora by Gucci ти ги носеле од странство за 500 денари? Или јас погрешно разбрав...зошто парфемиве не во странство него и од Марс да ги донесат не би биле 500денари..Јас моите од странство ги купувам не за друго него затоа што се поквалитетни поише траат а цената им е приближно иста,500денари помалку од тука максимум
Јас добив ваков ама од Јасмин, силен е, трае многу ама сепак премногу ми е сладок. Дај кажете како да го искомбинирам со некој друг за да го "олеснам"? Инаку планирам да си го купам White musk.
хахаха не брее, сакам да кажам дека јас лично, не би давала повеќе од 500 денари за парфем а цените, па на нет јас видов колку пари се, сигурно глупо ќе биде да прашам колку пари потрошил тој што ми ги дал на поклон само ме инт, кај нас која цена се, да видам дали се поевтини или поскапи од странство и викаш поквалитетни се од кај нас? ? зашто јас не знам , ти викам, не сум ги ни мириснала кај нас овие парфеми... така да не ја знам разликата
Ааа епа погрешно сум те разбрала А цените на нет немаат врска со вистинските цени во парфимериите.Цените ни се приближно исти,ама квалитетот не.Исто мирисаат кај нас во парфимерија ама не траат толку долго , се надевам ме разбра А цените кај нас се (за марките зборувам) од 3000 до 3500 денари отприлика за 50мл
Има убави парфеми али овде во македонија за многу луѓе се недостижни...инаку јас обично ги користам парфемите на Б.У. ги обожавам а посебно розевиот и белиот
ќе одам малце офф се согласувам со коментарот над мене! можеби навистина се преубави, траат и по 6-7 дена, ама навистина се скапи за наш стандард! искрено, со мојов стандард, 3000денари кога би ги имала, јас би ги искеширала за гардероба или нешто повредно, а не за парфем...не ме разбирајте погрешно, но, повеќето девојки кај нас, (не зборам за фрик љубителите на парфеми) се знае зашто купуваат вакви парфеми... колку да се каже еве мирисам на диор, на гучи итн...не ги ставам сите девојки во ист кош, зашто знам дека има девојки кои се луди по парфеми! но,познавам и вакви случаеви, колку да се каже марка е(и не само за парфем, и за гардероба)! и што оти ти имаш скап парфем? еве, јас искрено кажувам, поклон ми се(ни луда не би ја дала таа пара за нив)! и ги имам дооолго време, полни стојат! нити се шприцам со нив, нити ништо!
значи потполно, потполно се согласувам со тебе. има деца од мое школо и сите леле си купиф парфем од нина ричи, леле ама знаеш колку пари беше! или ќе купат тренерки и викаат ее ова ти се вика марка - 11 илјади ги купиф леле бее..браво шо си купил за 11 илјади а катастрофа ти се а иначе само што си купив Bon Bons - Primo Bacio мм и да не знае некој кај ги има бон бонс парфемите, нигде неможам да ги најдам, а и тие постарите шо беа убави ич неможам да ги најдам. сеа за сеа најубав ми е Bon Bons - Milkshake