Спојлер: Zara Night Спојлер: Chopard - Casmir Првите два се со попристапна цена, но кога сум кај ванилата морам да го споменам мојот all time favorite, совршенство од ванила Спојлер: Dior - Addict
Јас би ти ги препорачала парфемите на Women Secret или малку поскапи од тоа се парфемите на Бритни Спирс, супер се за секој ден, презадоволна сум јас во однос на цена - постојаност. Ги имаш во Шатци.
Колку време му е рокот на еден парфем, онака отприлика? Знам дека е обележано на самата кутија, но ме интересира да слушнам и од вас. Имам парфеми кои стојат отворени подолго време (читај 2-3год). Дали би се изветреале ако ги почувам уште некоја година или да ги подарам да не бидат џабе парите?
Чувај ги на темно и суво место и во кутијата нивна (не во купатило) по можност и ладно, да не се изложени на светлина и ќе ти траат и повеќе од 4 години. Јас имам парфем што е сигурно 5 години па мириса исто. Мислам дека зависи до парфемот и состојките тоа, сите се различни... И да смени боја ако не сменил мирис користи го. По тоа што читам и други мислења многу така сметаат.
Не, за жал го немам во моментот. Само се сетив на него колку беше прекрасен Сега гледам дека не се произведувал веќе.
https://www.facebook.com/parfenmkd/ Што ќе кажете за парфемите од ова страна, дали се трајни и добри, гледам многу пофалби во коментари, има некој користено?
Ги има fantasy, midnight fantasy и fantasy intimate (или така нешто беше) само да ти напоменам, пишувам за тоа Шатци во Битола, дали ги има секаде не знам, но ги имаш истите и онлајн на нивната страна.
Јас порачав вчера, чекам да ми стигнат во вторник па ќе пишам какви се. Гледам имаат и некои niche парфеми и некои што ги нема по други наливни парфеми.
Солидна трајност имаат на кожа за цената се исплаќа. Аурата е јака првите 4 саати после послаба е, мирисот на кожата не е скроз изгубен но треба ептен да ја доближиш раката за да го осетиш мирисот но трајноста е повеќе и од 6 саати реално. Потешките траат повеќе, посвежите побрзо ветреат. Но сепак најдобро е да си пробаш лично оти трајноста варира од кожа до кожа. Трајноста ми е слична на зара парфемите (барем кај мене солидно траат), ми се допаѓа што не се чувствува премногу алкохол и се гледа дека се маслени парфеми кога ќе ги прснеш на кожа впрочем тоа им помага да траат повеќе. Се надевам дека ти помогнав, поздрав.