Ти кои конкретно ги порача? Мене ме интересира дали и друг ги забележува на кожа дали се забележителни дали ги осеќаш? А на зара јас многу не гу осеќам брзо ми ветреат? Ако имаш користено на баргело да ми споредиш кои се потрајни? Во секој случај фала многу.
Јас ги пробав Narcisso Rodriguez for her и Burberry Her. Првиот е потраен а вториот помалце. Е тоа не знам вчера ми стигнаа само еден пробав. Најдобро е да пробаш да видиш дали ќе ти даде некој коментар некаков. Не се како оригиналните трајни тоа не можиш да го очекуваш ама солидни се. Баргело немам користено. Инаку јас сум задоволна од Зара ако ти не си задоволна пробај 1 провери.
Дали некој користел парфем од Juliette has a gun? Денеска во Космо го помирисав Vanilla vibes, ми се допадна многу е летен, потсеќа на море, плажа...ванила.. мириса слично на некое млеко за сончање но многу поубаво. Дали сте пробале некој друг нивни парфем? Цените не им се многѕ скапи некои 5000-5500 како што ги загледав.
Здраво мила, јас нарачав два парфеми од кај нив, Versace Crystal Noir и Good Girl CH, и двата беа оригинални според паковање, кодовите и долготрајноста на мирисите, од мене искрена препорака.
Сте ги користеле ли женските парфеми од котон? Ако некој користел, нека сподели иакуство за некој од нив.
Сакам да нарачам парфем од шатци но незнам каков Досега немам користено од таму парфеми Сакам појаки мириси па би ми било од помош некој појак парфем и кој не ветрее за час до два До 1500-700ден
Escada Magnetism е многу убав, не е тежок ама ептен впечатливо мириса. Цената му е некаде околу 2000 денари мислам.
Дали некоја нарачувала од интернет, тестери и каква им е трајноста. Конкретно сакам да го порачам СИ од Армани, тестерот е 1.100ден,додека самиот парфњм чини околу 4.000ден
Не купувајте т.н. тестери по фб и инста бидејќи тоа ви е исто како да земете од парфемите на плажа што ги продаваат. Ако веќе не можете да си дозволите оригинал, земете од Сантини или Економик. Ова е најдобронамерен совет.