Женски од веб страната на fragrance дали имате порачано парфем или дали знаете дали се трајни и квалитетни парфемите?
Вреди, мене ми е еден од омилените, баш за овој период од годината ми е совршен. Комбинација на мед и карамел, на почеток можеби делува нападно и преинтензивно, но како минува време станува сладок, топол... Ќе ти доаѓа сама себе да се гушнеш
Како и повеќето парфеми на JPG, траен е и интензивен, трае 8-10 часа на кожа, на облека со денови. Во секој случај пробај го прво, па одлучи.
Не сум го имала ама се имам шприцнато у парфимерија. Мене ми е сличен со Олимпеа пако рабан. Дури боли глава колку е благ
А за линијата на Класик што мислиш? Го засвиѓав тоа во розево шишенца со чипка. Се мислам меѓу Класик и Скандал. Неодлучна сум
За Класик колекцијата десетици ги има, мајка ми со години го користи Класикот после кој следуваат другите верзии. Овој не би ти го препорачала, пошто ми е како за повозрасни. Спојлер Јас го користам Classique Essence de Parfum, зимски е и овој, ванила преовладува, но мислам дека го нема веќе во продажба. Спојлер И кога веќе се двоумиш, еден предлог и од мене, види го и La Belle
Мислам @Dream-Girl те прочитав во некоја тема дека го бараш Нина Ричи. Го има во месечниот каталог од ДМ.
Секоја кожа е различна. Може кај неа да трае 5 дена, а кај тебе 5 часа. За најдобро да го провериш тоа, отиди до таму каде што го продаваат, прсни на пулсно место и почекај некое време (минути/час) и види каков ќе биде интензитет на мирисот.
Па долго го чувствувам на себе, цел ден. Но, да најдобро провери на себе како ќе трае, точно дека има разлика од кожа до кожа и различни вкусови.