За оние кои го сакаат ептен Light Blue парфемот! Значи има еден спреј за тело, ко парфем е и мириса исто како лајт блу ако не и подобро!! баш така, на чисто,убаво, дури мене повеке ми се допага тој. Го купив од Велика Британија кога бев летото и е околу 2 фунти - околу 160ден 30 или 50мл е. џабе!!! арно си купив две шишенца. Уште го користам првото. Ама преубав е! Иначе Тед Бејкер се вика фирмата, Лондонска и за жал ја нема кај нас (Ted Baker) Има разни козметики од него, гел,скраб,мириси разни..има и комплет за шминки ПРЕУБАВ и него си го купив Еве слика од парфемчето позз =)
инаку вo новиот број на авон(за јануари) има SWEET FANTASY парфем, скоро ист е како FANTASY на бритни(може да се мирисне) и е 700 денари ама тој парфем некако ми е повеќе за лето
^ Мене овој парфем премногу детски ми мириса. Воопшто не ми се допадна, една комшика го имаше порачано.Инаку јас сега брзо овој го добив на подарок Bvlgari Omnia Green Jade и ми мириса на БиЈу синиот, порано многу го користев. Ми беше срам да прашам од каде е земен, да го заменам за Кристалин, зошто тој ми е најубав од Омниа линијата, и остана така. Во моментов немам ниеден парфем по кеф што ми е
Јас го имам Fantasy од Бритни.Го добив како подарок.Не викам дека е лош ама има многу поубави . Скоро ми е потрошен.Сега уште малку ке си го купам Versace Bright Crystal.Преубав е !
Девојки, за тие кои се интересирате за Bon Bons ги има на пазарче, конкретно јас ги лоцирав на Зелено пазарче, 150 ден. (на тезгите со шминки) Го земав milk shake, многу убаво мириса и многу трае. И јас се сложувам дека за парфем не би дала 3000 ден. дури и да ги имам. Со нив можам да си купам други далеку попотребни работи, отколку да се луксузирам. И што после, ќе мирисам на Диор, а во џебот ќе шетам со 10 ден. А има милион такви, само колку да се покажат пред светот дека разбирале нешто. На неа парфем од 100 евра, а гаќи купува 3 за 100. Или мобилен блекбери, а нема да титне. Туку, тоа си е друга тема. Имам неколку омилени парфеми од познатите, ми се допаѓа Black XS на Пако Рабан, Pink Sugar на Aquaolina, Sweet Darling на Кајли, Emporio на Армани ... но, досега сум ги добивала само на подарок. Лично јас, не сум дала повеќе од 1000 ден. за парфем. Не ни планирам. Една работа само ме буни. Како бре во држава каде секој трет е невработен и буквално трпи за корка леб, луѓето си приуштуваат парфеми од 4000 и кусур денари? Може некој да ми го објасни тоа?
Најубави парфеми досега ми се : Glow by J.Lo Pur Blanka од авон C-Thru Pearl Garden и Bon Bons се слатки.
Затоа јас во последно време си кулирам со парфемче од 70 денари Trendy многу убаво мириса а и кесенцето ми е полно имам голема заштеда и ќе си направам еден голем Предновогодишен шопинг наместо да ги фрлам парите за еден скап парфем и ''гола'' да шетам
Сигурно тој што трпи не си приуштува, од каде ке ги најде парите? Но има луѓе што можат да си дозволат такви работи, кај нас ретко да се најде средна класа. Или ич немаат, или се претураат од пари. Млади госпоѓи, најчесто полуписмени, и жени на некој типац со убав бизнис најчесто си купуваат без проблем на цената, а не ни знаат правилно да го кажат или изговорат името на парфемот. Јас конкретно обожавам парфеми, ми прават кеф и сакам да ги имам. Долго време си собирам пари (бидејќи тапа сум за штедење) за да си купам некој што ми се допаѓа, но тоа не значи дека таквите како мене носат гаќи 3 за 100 Според мене се си има приоритети, ова е опционално, се работи за кеф. На некои им е сеедно со што ке бидат намирисани и не го опрвдуваат трошењето, на некој не им е сеедно. Јас навистина обожавам парфеми и чевли, и доколку заработував ич немаше да се мислам дали вреди, дали не.
Jas pak, po malku sakam parfemi, i pojaki i ponezni se zavisi, no da bi kupila parfem od 3000 i nesto (lolita) od Unique, mirisa preubavo, no zasega mi e epten luksuz bidejki se nema pari sekako , pa koga nemas, nema ni da trosis na parfemcinja , a i koj da go probam( mislam na poevtinive parfemi) ne mi mirisa dolgo, oti imam suva koza a i so mamicka si gi koristime dvete tie sto si gi imame i sme barem za toa bez griza
леле за парфемов што ми се има случено ми го донесе на мајка ми најдобра пријателка за полу-матура (не верувам дека беше оргинален, ама и врло важно, преубаво мирисаше) и 1 ден го имав само бааааап у веце на плочки, ни п од парфем... ама ајде барем вецето ми мирисаше на убаво! колку што памтам малце и на лимон мирис ми маваше?? не ми текнува оддамна беше! бтв фала тренадифче утре идам да си купам бон-бонс дефинитивно најубавки ми се и ефтини, и траат= тие две нешта мене ми се важни-
Јас го користам pure seduction (victoria secret) спрејот за тело и многу е убав,а сега во план ми е да го купам новиот 212 VIP се заљубив во парфемов
да не заборавам на сите љубители на ванила да им кажам! ако има кај нас THE BODY SHOP (не знам) дефнитивно ова да си го купите, јас го земав од грција околу 450 денари по нашки. 30мл е ама еееееее од летото го користам и 1/3 уште не ми е потрошено преубав е, и држи долго... мирисаш на ванила... тие спрејовите за тело од авон вода да му носат! ако има кај нас, известете ме! кога ќе ми се потроши да си купам, тотално сум заљубена во ова и бон-бонс... утре на пазарче ќе ги нападнам 2 ќе си купам со пуно срце
јас последно користев некој од тие шо се од авон парфемите ама некако не ги сакам и одлучив некој поубав да си купам и моментално го користам Scarlett-Chacharel и ми е мнооооогу убав =)
Се согласувам со се што пиша. И мене ми се допаѓа Black XS а и ефтин е, мислам негде 1370, сега зависи од големината.. Ама некако мноогу ми е јак. И еве само што прашав за Бон Бонс и да тој од milkshake преубавоо мириса.
лудото и кај нас во австралија има The body shop,едноставно слабост ми е.Aма ти си го зела за ефтини пари,ваму скапи се,а како мириса,навистина нема споредба ни со авон и сл.и за други работи,путери,пилинзи ако има во мкд да ми кажете,кога идам да соберам,можеби поефтино е
незнам зошто мислиш дека е скап BODY SHOP во австралија.цените се движаат од 5долари па до 45долари за најскапите производи.во скопје сум 3месеци нисто не видов поевтино од таму,видов само по 5-10пати поскапо