Искрено, не си ги давај парите за тестери...најчесто се копии кои доста солено чинат, не станува збор за тестер од оригиналниот парфем секако. Провери дали некој од парфемиве ги имаат во Рефан, нивните копии се најдобри според моето искуство, а и некако најблиску се до оригиналите. Mислам дека La vie est belle од Ланком го имаат, за Scandal и My way не сум сигурна, но како да ги имам приметено. Можеш да провериш на нивниот сајт, таман ќе го видиш и бројчето од парфемот па ќе си го побараш таму. Немој да ме сфатиш погрешно, но тестериве се безобразно скапи, а не се ништо друго освен копија на парфемиве. Башка што, цената ќе ти дојде упола од онаа на тестерите, а можеби и повеќе, а парфемот ќе ти трае скоро цел ден со капките што ги ставаат за долготрајност. Се имам зезнато вака порано, ниту еден од тестерите не траеше повеќе од два-три часа. Најнепрежалени пари што сум ги фрлила некогаш.
Овој парфем е преубав, баш тоа што бараш, евтин 350 ден и трае цееел ден. Италијанско производство е и го има во секој поголем маркет.
Леле парфемов, колку го користев додека бев средно. Убав е, ама мислам дека веќе ми се повраќа од него од толку време што го користев. Дали се трајни парфемите на Белина? Конкретно овој дали е добар?
Зимен парфем е. Не може да се каже дека е лош мене и ме прашувале секогаш каков парфем сум ставила и дека е супер. Но шп некое време ми "стежна" некако, не го поднесувам и глава ме боли. Стои така на пола некое време веќе. Подобро најди тестер некаде и пробај прво.
Првиот ти е најдобар, овие се благо нежни за мој вкус не се, Сега на ред ми е versace Crystal noir да се приметува моето присуство
@Youknow на почеток првите, 2-3 часа мириса, интензивен е потсеќа на Black Opium YSL. А во текот на денот мириса на ванила, нежно , и трае исто така долго.Ако сакаш нота на кафе, и по пудерасти парфеми, ќе ти се свиѓа. Баш е ултра женствен парфем, за постудени денови. Го земав од Космо
јас го користев овој минатата есен сега сакам да си го земам пак. баш ме интересираше оригиналот како мириса и го мириснав во космо и буквално исто мирисаше. за 900 ден 100 мл е одличен .
Дали само јас не сум задоволна од штиклата? Мислам дека ич не ми трае. До мене ли е, до парфемот ли е, не знам. Го купив од fragrance.mk
Јас ја имам тоалетната вода има некој сличен вајб овој од Белина ама е поблаг и не ми е тоа тоа. Оригиналната тоалетна вода е малку полута. Е сега оригиналниот парфем го немам мириснато само тоалетната, можеби е ист со него.
да да за eau de parfum зборувам баш тогаш и нотите ги проверував исти се буквално- еве слика. Е сега може трајноста нема да е како оригиналот ама за 900 ден се исплати и цел ден да се прскаш со него.
Предлиг парфем сличен на Versace vanitas,Idole Lancome,Si,Armani My way,Tommy girl.... несакам јаки како la vie est belle прејак ми е,а горенаведените ми се здосадени па сакам да сменам