Првиот го користам со години (со паузи). Според мене женствен и доста траен, често сум добивала комплименти. Каде го има на попуст?
Препораки за нешто пролетно/летно во стилот на Lancome Idole? Ги пробала некоја девојка Aura и Nectar? Тешко ми е да избирам парфеми во парфимерија оти по некое време се исто ми мириса и ќе направам утка
Слушнав пофалби и од други луѓе па решив да ги пробам. Добро е што земав само два од по 30 мл. Дури и само еден требаше да земам за проба ама ајде. За погодени можда и се, навистина се слични со оригиналите во однос на мирисот. Но не ми се трајни. Искрено, до работа дур отидам за пола саат не ги ни чуствувам.
Кои парфеми ги зема? Искрено не ми се верува да не се трајни, можеби ти не ги осеќаш и си го отрпнала мирисот, знам по мене, кога ќе ставам некој парфем што е појак, веќе не го осеќам, а другите ми кажуваат дека се уште мирисам ко да сум се шприцнала у моментот
Либре Интенс и Идол ги земав. Убави се ама кратко траат, не дека не ги осеќам. Ни на ткаенина не ми се задржуваат. Би рекла дека Лорис се нешто појаки и потрајни, со цената тука се некаде. И они имаат добри копии.
Првин го земав за проба овој Signature na mont blanc, а пред една недела земав уште два Zen -Shisheido и Bottega Venetta woman и од двата сум задоволна и ми се долготрајни во споредба со оние на лорис.
Здраво девојки, продавам оригинален парфем - Cloud by Ariana Grande, 50мл, купен од fragrance.mk(со сертификат со се), имам прснато 4 пати од него. Го продавам бидејќи ми е неуспешен blind buy, т.е не е за мене тој мирис иако мислев дека нотите се по мој вкус. Ако e некој заинтересиран пишете ми