Како да имам гледано ваков сет, само не знам дали беше во Космо или во Еликсир. Но можам да проверам деновиве па да пишам овде за да си знаеш.
Не сум заборавила Бубаче, само како за белја од дома работам деновиве, никако да појдам до Космо. Ама денес успат ми беше Шатци па влегов да видам дали го има. Имаше гифт сет со парфемов, но со 30мл само...во сетот плус имаше некој течен кармин и лосион за тело од 50мл. Целиот сет беше 5200 ден. Немаа сет со две парфемчиња во моментов.
@Youknow Совршено нежен за пролетта и летото. Пудрест, овошно- цветен е и главни ноти му се праска, кајсија, фрезија и црна рибизла. Сладок, а свеж. Супер за секојдневието. Мене лично ми е еден од омилените парфеми
Добро бе женски во Македонијава Шанел парфеми нема ли? Шатци, Космо и Еликсир немаат. Ај помош кај да најдам, макар и онлајн ама да е сигурна нарачка.
Дали само мене парфемите што ги користев во зимскиот период сега кога запролети не можам да ги поднесам, ме гушат?
Јас Шанел од Фабу спот купувам, поранешно Анабела. Во Сито Мол знам 100% го имаш овој лани го користев. Цените за разлика од фри шоп пример се повисоки иако и таму последно кога купував февруари месец, конкретно Мадмоазелот беше едно 20+ евра . Скапи се ама нема подобри @Youknow не си единствена. Повеќето неможат. Еве јас моментално користам “ зимски”. Мене не ми смета воопшто. Мене ми сметаат свежи парфеми пример. Јас сакам парфем со “трага” . Уште малку ми почнува сезоната на Мадмоазел Шанел а сега користам Lancome, кои повеќето ги сметаат за тешки
@Youknow Некои парфеми повеќе одговараат на зимските студени денови, а други парфеми се повеќе за пролет/лето. Не знам кој парфем го користиш, но може да пробаш некој нов сега за овој период.
Go koristam nina ricci-ricci temno lilaviot, za navecer nekako ok ama denski mi e tezok, ke baram nekoj polesen
@Youknow Тој парфем е баш есенско-зимски парфем и дефинитивно не е за пролетно-летно т.е суво и топло време. Пробај си некој нов, нешто што повеќе ќе ти одговара за оваа сезона, па Ричи Ричи си го чувај за следната зима