Здраво Дали некој го има нарачувано Lancome La nuit Tresor од fragrance.mk и дали се оригинали парфемите? Јас го најдов 75мл 6530ден, а во др парфимерии е поскап
Другарка го зема овој од фришоп и кога ставив буквално цел ден траеше на мене. Многу ми се допаѓа, интезивен и траен, ме потсеќа на бонбонче, благ е и пријатен а сепак јак
Девојки, кој од TOM FORD е најдобар? Сакам да мириса убаво, не тешко, но впечатливо. И мислење за парфемите MY WAY, EUPHORIA, SCANDAL или VERSACE?
Омилен парфем ми е од Dior Hypnotic Poison. Во главно мириса на ванила, но има ноти на јасмин цвет, бадем, кокос и малце потсеќа на дрво/шума. Многу сензуален парфем и впечатлив.
Ако сакаш да мирисаш убаво идеален за овој период е Mosschino белото мече. My way е завидлив парфем, идеален за ноќни излегувања. Мust have ми е. Skandal не ми е по вкус, Версаче златниот е одличен и траен.