Женски после ќе одам да си купам парфем. Се мислам меѓу Versace crystal noir, Lancome Idole, и Miss Dior rose n roses. Сакав некој така за летото,версаче знам оти е зимски парфем, така да ми остануваат другите две. Кој да одберам?
Ланком идол нема да згрешиш, уште малце имам од него и планирам пак да си го земам, ама премногу е траен и баш е цветен чист парфем ко за ова време
Crystal Noir не е за секого, тоалетната вода е ок за навечер и во лето ама преку ден не баш, а другите два се посоодветни за ова време е сега твое е да си пробаш кој би ти одговарал.
А тоалетната вода на диор дали трае исто како парфемите? Затоа се мислам инаку веднаш би го земала тој.
1. За секој ден одличен! А ретко рекламиран и споменуван. 2. Прашање до феминките, кој парфем го препорачувате за лето? Само да не е лајт блу од Долче Габана. 3. Версаче Кристал ноар е за преку ден, не е за навечер, според мене.
Не е благ нити киселкаст сигурно, не знам да ти го објаснам баш ама ладен парфем е, зачинет, лут ама не премногу. Пробај го прво, ако сакаш благи не верувам дека ќе ти се допаѓа. За Crystal Noir зборувам.
Lush Lust Би требало да го има во Сити Мол и Ист Гејт во Lush да го мириснеш. Го имаш и на онлајн страницата ама ти препорачувам прво да го мириснеш.
Да да, морам прво да мириснам пред да купам, специфична сум за мириси. Го избришав мислењето зашто касно ми текна дека во lush треба да го има. Фала ти.