Да ми препорачате добар летен парфем или спреј за секојдневна употреба за на работа? Да биде свеж и да мириса чисто , да нема многу цитрусни ноти ? Белото мече на Moschino дали е таков clean мирис? Каде може да се најде?
Белото мече е благ мирис ама нежен, не е тежок. Мене ми треба препорака за парфем до 30мл летен за да можам во рачен багаж да го носам.
Јас од Авон многу често користам, особено оние од 10мл го вадам со нож металниот дел и префрлам во шишенце од 30мл. Или ако имаш во близина Економик или Сантини, тие се 25мл за некаде 200ден и се супер за цената. Шишенцево последно го наполнив со tta today
Купи си го Secret Dream од La Rive има солидна трајност за таа цена. Пишува дека е сличен на тој иако го немам пробано Fantasy.
Плавиот curious го имав уште на времето ама не беше траен воопшто и после неколку минути скроз се менуваше мирисот
Probani mi se Britney Spears Curiouse i Britney Spears Fantasy (rozoviot)....predobri se. Duri dobiv komentar za Fantasy , itoa na plaza, deka cela plaza mirisala demek "Ne se sekiraj, ako se davis ke te najdeme po parfemot", a parfemot mi stoese od prethodnata vecer...
Во Космо го нема Guerlain Terraccota, дали некоја членка ќе иде до фри шоп да ме ивести дали го има и која му е цената?
Parfemot na mojot zivot . Steta sto vekje go nema, barem ne vo Makedonija. Posle ovoj parfem ne sum nasla nisto priblizno dobro kako ovoj. Ako go ima nekoj koristeno, kje znae za sto zboruvam.
Розевиот го земав неодамна, пред месец некаде од фришопот на аеродром што е. Воопшто не беше скап, околу 1800 ден беа 100 мл. Веројатно беа на акција. Ако имаш некој кој ќе патува некаде порачај да ти го донесе.
На аерофромот во македонија или? Дека и јас го имав гледано порано кога патував во Истанбул и беше 50 евра, а во мк сега го најдов за нешто помалку од 3000