Девојки дали некоја има користено парфеми од Манго? Дали се долготрајни? Ептен ми се свиѓа hédonisme intense, па ако е долготраен да го земам.
Касно ти враќам, ама може и на некој др. да му послужи како инфо. Трајни се, се изненадив. Јас пошто сум луда по костурски глави земав и супер е
Ги има кај нас женскиве парфеми Issey Miyake? Во Космо го немаат брендов, на друго место ги има некаде?
Да предложите некој траен парфем, ги земам години наназад carolina herrera и супер се покажале ама ми здосадија некако, некој друг што трае слично како carolina herrera?
здраво женски ми треба dupe или не знам нешто на точење од овој парфем вр молам помогајте каде да го најдам plsss
Ми треба добар парфем од cosmo ако може да ми препорачате некој што е траен.Ќерка ми е опсесивна по парфеми само купува ама не се долготрајни тие што ги зима.Препорака некаде до 2000 ден
Red temptation e dupe од baccalat rouge 540 (кој што го имаш на точење во boutique de la parfumerie east gate). Не го земај овој на зара, ако стварно се слични, подобро земи на точење потрајни се од Зара.
Тука си грешка за оваа линија на Зара. Овие се меѓу потрајните парфеми на Зара за разлика од другите коцкастите стандардни што им се што не се толку трајни.
Девојки моја огромна препорака доколку барате парфем што остава трага Alien. Јас уствари и така дознав за овој парфем,помина една девојка покрај мене едноставно таков траг остава што се намовнав. Предобар парфем
Дечки јас продавам Scandal и La vie est belle во сет со лосион. Ако некој сака да ги проба без да фрла многу пари ете
Јас си го купив од Müller од Германија. Но го имате и на Амазон и други онлајн продавници за парфеми.
Не знам дали оригиналот го има по парфимериите овде у Скопје. Би требало. Ама имаш копии од парфемов. Јас зедов од bloom штандот во ист гејт и е верно на оригинал и океј солидно траење со оглед на цената. Е сега малку е специфичен и тежок за температури над 40 степени, повеќе ми е за поладно време
Одма чим горе прочитав дека имаме копија на Baccarat Rogue 540 го нарачав од la parfumerie. Јас го имам Cloud парфемот кој исто важи за копија на ВR540 и се истии со овој на точење. И двата прво мирисаат на болница/заболекар потоа се осеќа уникатниот мирис кој до ден денес мене ништо посебно не ми е, океј е. Но, la parfumerie го помина првиот тест за копии, дефинитивно ќе нарачам уште бидејќи очигледно се прилично добри копии.
Дали парфемите на FRAGRANCE.MK се оригинали? Сакам Versace crystal noir да го порачам кај нив 90мл е 4930. а на шатци е моментално на попуст од 7130 на 5350 ден. и незнам од кај да го порачам.