@Dentina Este Lauder Bronze Goddess пробај го, баш ми е уникатен летен парфем. Има супер трајност, можи и во зима би ти бркал работа.
Фала многу, ќе го побарам. Треба да видам дали Копертон прават парфеми. Некогаш навистина се мачкам со млеко или масло ако ми е погоден мирисот или во обично млеко за тело ставам капки есенцијално масло. Ама ако најдам мирис каков што замислувам 24/7 ке се капам во него..
Сега се сетив и на Terracotta - Guerlain, провери го и него ако си во можност. И држам среќа да најдеш тоа што бараш.
Nuxe имаа парфем таков каков што бараш мириса како нивното масло, Sol de Janeiro Brasilian Crush cheirosa 62, Alien Goddess, Dolce & Gabbana Dolce Garden, Yves Rocher Monoi тоалетна вода исто имаа масло...
Како стојат со трајност YSL и Пако Рабан? Поточно ме интересира Yves Saint Laurent Libre и Paco Rabanne Fame. Го меркав и Прада Prada Paradoxe. Сакам убав парфем за овој период што иде.
Сакам да прашам дали некој ја има користено тоалетнава вода, многу убаво ми мириса а ја нема како парфем... се мислам дали да го земам ама незнам дали трае
Повеќето се копии на познати дизајнерски и niche парфеми, со солидна трајност тие што ги имам тестирано. Од Шатци го имам пробано на Club de nuit - Armaf (копија на Channel - Mademoissele), и овие два на Латафа, вториот особено ми се допадна. Мене ако ме прашуваш - препорачувам, цена vs трајност и повеќе од добра. Спојлер @Powergirl! ги има во Шатци и на fragrance.mk
Zac & Voltaire this is her, го имаш во бутик де парфумерие Рефан Bulgari omnia, малку им е утната копијата и баш е моментално унисекс парфем
Јас го имам само што мојот е купен во Америка тука незнам каква би била трајноста,меѓутоа моето искуство за едт пријатно ме изненади колку е траен на мојата кожа и е совршен
Јас живеам Германија, така да тука сигурно нема да биде шкарт. Значи ја имаш тоалетната вода? Дали трае барем пола ден со трајност?