Jean paul gaultier Divine Има благ мирис некако, ама кога ќе нанесе за кратко станува врв, многу трае.
@steela.honey овие се арапските парфеми јас што ги имам, ќе поставам слики со ноти од нет за да не ги препишувам, и ќе ти кажам збор два мое мислење овој лично не ми се допаѓа, го зедов ради Мм, тој обожава зелено јаболко и овој демек мириса на зелено јаболко и го купив, мене ми мириса на спреј Raid против бубачки, не го препорачувам Choco musc Одличен е, пишав за овој во другата тема, прочитај таму да не се повторувам. Омилен, копија на Tobaco Vanille од Tom Ford кој кошта околу $240 а овај мислам го купив $23, мене ми мириса на Ванила чај лате, трае долго. лесен летен/пролетен парфем, не е многу јак, трае само неколку часа ама не е beast mode ама убаво мириса. Друг омилен Машки е но јас го сметам за унисекс, и е копија од Ultra Male на Жан Пол Готије. Преубав, трае околу 4,5 часа, на алишта многу по долго, Го препорачувам 100 %. Убаво мириса и ок трае, не е лош но не е за мене. На прво прскање е многу јак, но кога ќе исуши пријатно мириса. Отров многу јак, благ гуши, нај големо разочарување од сите арапски што ги имам. На прво прскање мириса на изгорена гума, покасно менува но за мене е одвратен. машки е, копија на Иницио "уд фор грејтнес" Бтв Иницио е +$450 овој само $25, исто мирисаат, исто траат но не е парфем за секого. И јас и Мм кога го пробавме Иницио одма појдовме да го измијаме, до толку не го бендисавме мириса на дрво (oud). Го порачав овој најмногу ради шишето, оти Мм збира парфеми со убави шишиња но со тек на време јас го засакав, во моментов со него сум напрскана, Мм се уште се двоуми. копија на Бакарат руж 504, нежно ми мириса јас дури и не го осеќам но често добивам комплименти. Имам слушнато дека БР 504 и копии на него ствараат носна блокада и многу луѓе воопшто не го мирисаат, е мене тоа ми се случува со овој, или воопшто не го осеќам или многу слабо. За Ана Абијет белиот веќе ти пишав тогаш кога го зедов. Арапските парфеми треба ко ќе ги купиш прво да ги испрскаш 4,5 пати и да ги оставиш неколку недели да "маринираат" и после тоа мирисаат по убаво и по трајни се, ова го слушнав на јутуб од овие што ги гледам што се занимаваат со парфеми, и навистина така е. П.С. го чекам Casablanca другава недела да ми стигне, есенски парфем besat mode и долго трае, многу е фален, се надевам дека ќе ми е убав. Уфф се отепав од пишување @steela.honey се надевам ќе ти е од корист постов тебе а и на сите што се заинтересирани за арапскиве парфеми. Едит. Сум го пропуштила Либра, копија на YSL Libre, 95 % копија на оргиналот, трае цел ден и мириса преубаво.
На точење го имам земено овој. И многу ми се допадна.. До сега имам користено Lady Million i Olympea, сличен мирис имаат и двете, ама како овој новиот не е...
@ane.bella ти благодарам на резенцииве вака од прва рака,те намачивме да пишуваш знам дека има и видеа по Јутуб, ама се се ко воодушевени од мирисите, а реално арапските и не се за секој, има што ги носиме и што им смрдат на останатите според ова твоево детално објаснување на листа ми се белиот Ana Abiyedh ,Choco musk, tobacco vanile дупот, сакам во принцип такви ноти, и ке си ги купам сега откако знам отприлика како се понашаат на кожа.
Ќе ви се помешам во разговорот затоа што живеам во арапскиот свет и работев со парфеми каде што сретнав брендови за кои претходно никогаш не бев чула. Арапите се многу љубители на парфеми и точно е дека нивните парфеми, масла не се многу за напе поднебје они сакаат ноти со оуд, сафран. Овие што ти ги препорачала гледам горе доле се копија на парфеми на познати брендови и се топ.
Што пари е? Јас раб долги год во парфимерија, арапските парфеми како пример AMOUAGE, ми беа врв, и во трајност, ама мн јак мирис имаат, точно дека контаминираат, и на секоја кожа различно мириса и различно е траен секој парфем, јас не обожавам копии на парфеми или ќе купам оригинал или некој ефтин ќе си земам. Арапите се познати по специфични мириси, и секако трошат мн пари на парфеми, затоа им се и мн скапи.
Да, да одлични се Amouage. Точно секој парфем различно мириса на секоја кажа. Имавме Aoud od Aquaflor кој беше околу 400 евра на колешка и траеше цел ден, кај мене после 1 час ништо. Khaltate е интересен бренд, имаат баш арапски ноти. Atelier Collogne - Santal Carmina кој е баш јак и повеќе влече накај арапски мирис во Мк добив многу комплименти за тој парфем.
Ти по гурманскиве парфеми си, а? Можам да ти пишам мислење и за Casablanca на Swiss arabian, тој е гурмански со ноти на јаболко, грозје и карамела, ќе го добијам во понеделник, да го поносам па ќе пишам импресии. Или Nebras на Lataffa со ноти на какао, ванила. Овој лично го немам пробано, но е копија на парфемот од Били Ајлиш, него го знам, тој е гурмански со горе наведениве ноти, мене дури и на млеко ми мириса.
Zdravo decki. Dali nekoj ima naracuvano of fragrance.mk? Dali parfemite se sigurno original? Nekako cenive mi se too good to be true. Sakam da go naracam Ariana Grande Cloud. Go ima li nekoj zemeno od tamu i sporedeno so druga parfimerija?
Не се, не си троши пари на такви копии. Подобро земи си копии од другиве места што барем не ги наплаќаат како квази оригинал
Ама страната е за оригинални парфеми.. и ја сакав да нарачам ама цените се предобри и не ми се ризикува