Postojat drugi stranski strani kako fragrancenet i fragranceX sto stvarno prodavaat original samo malce poevtini. Se obiduvam da razberam dali ovie fragrancemk se isto taka ili lazat. Ama nikoj izgleda ne znae so sigurnost
Па некои викаат демек оригинални им биле, а цените се пониски дека онлајн само продаваат, немаат парфимерија. Не знам. И ја еднаш се попалив, ај сакам да порачам ама ко шо има толку превари и не ми се ризикуваше па баталив. Иако не се измамници овие, имаат и беџ и се верификуван е - трговец и имаат и телефон и адреса ама сепак. Баш нека пише некој ако скоро порачувал и има искуство, уште подобро ако пак редовно зима од таму.
Ima mnogu kontradiktorni mislenja ovde. Stvarno ne mozam da procenam. Ako nekoj redovno naracuva i ako sporedil so siguren original neka kaze
Јас имам еден порачано па не можам со сигурност да ти кажам од еден парфем. Не нарачувам цело време, но тој што го нарачав е траен и е јак зимски парфем. Но има луѓе што очекуваат цитрусен парфем да им трае 10 саати (има некои траат и толку ама е реткост во глобала) или ако е скап парфемот, не ни читаат рецензии па после кажуваат дека не е оригинал. Не сите парфеми исто траат на секого без разлика какви се дали појаки или послаби. Друга работа е што многу парфеми и ги менуваат во состав со години и ги прават послаби и кога некој ќе купи парфем од 2006 излезен а некогаш бил јак па сега послаб и изменет смета дека не е оригинал. Зависи и од кога е произведен парфемот дали е менуван со годините или слично. Плус имам читано на македонска група за парфеми луѓе имаат порачувано од таму па не гледав некој да се жали по коментари. Ако те интересира прашај таму за да се увериш од повеќе луѓе. И читај и на fragrantica дали е траен парфемот што сакаш да го нарачаш, и таму има секакви рецензии. Јас го имам Ariana Grande Cloud и не ми е нешто многу траен на моја кожа па не ми е од fragrance.mk нарачан туку купен од парфимерија. Не знам можеби тебе ти е потраен на твоја кожа.
И јас го добив на подарок,пред година ипол. Во дм може да го има,преубав парфем….ама на мојот нешто мунсе случи,како да ми изветреа пола и више
Јас имам нарачувано од fragrancemk неколку пати кога ми се потрефило да фатам некоја добра понуда. Што знам, досега не сум имала проблем, сè си било коректно и не ми личат на фејк парфемите.
Fragrancemk се оригинал парфеми, имам порачувано неколку пати парфеми што ми се омилени и претходно сум ги земала од Шатци или од странство - нема разлика. Последно го земав од таму Montblanc Signature, претходно го купив од Германија од официјалната продавница, истиот е сосема си има бар код се е како што треба.
Парфемов го добив како подарок и врв ми е мириса слатко како некој коктел од цреша го има во Зегин мислам дека е околу 400 денари, пишува дека е копија на la petite robe noire од guerlain па се мислам да го земам и оригиналот
Апсолутно да го земеш, јас го имав, и иако е скап планирам да го купам повторно. Кажи ми овој колку трае? Се осеќа ли наоколу? Имаш добиено комплименти?
Парфемов го добив лани на подарок, поубаво во живот не сум мирисала искрено, го потрошив за неполни 6 месеци.
Не е многу траен но за таа цена е супер повеќе трае на облека него на кожа но мирисот мене ми е преубав пред да знам дека е копија сакав да земам уште едно шишенце дур не го снема а сега се мислам за оригиналот, нотите им се идентични или па на точење видов го има во boutique de la parfumerie баш ќе споредам
никако не можам да си го погодам парфемот подолго време, препорачајте ми ве молам некои убави што долго траат и имаат јак мирис
Јак ако мислиш гурмански тогаш види го yls libre, ili libre intense, бакарат буж, fields at nightfall Zara (ovoj trae cel den na koza, na obleka I drugiot den se osekja), Chanel Allure, YLS black opium, Armani code, mugler alien, Zara deep garden. во Авон имаш доста со ванила ноти што се трајни (Maxima, Maxima Icon, Attraction).
Леле апсолутно не ги погодувам значи јас од зара парфемите, еден што си го купив траеше 5 минути максимум, другиве дефинитивно морам да ги побарам. Сакам јак парфем што ќе се чувстува на цела облека и мене цел ден, и никако да си погодам. Ќе пробам некој од овие, фала ти <3