Види зара и трајност не одат заедно. Ја еден-два знам што стварно траат. Овие што ти ги пишав. Е сега не сум ги пробала новиве со ванила. И не сум ги пробала едни што се со имиња на градови. Fashionable London, Tokyo нешто... Тие мислам се повеќе накај unisex. Ама се друго од Зара не трае ни 45мин. QUOTE="Curious cat, post: 6832856, member: 163311"]Сликни ми ја целата твоја колекција ме интересира колку имаш [/QUOTE] Чекам плата да се кеширам во парфумерие. Штом стигнам до 50 ќе сликам обавезно Спојлер: :) болест е ова со парфемиве што го правам, не бидете како мене
Чекам плата да се кеширам во парфумерие. Штом стигнам до 50 ќе сликам обавезно Спојлер: :) болест е ова со парфемиве што го правам, не бидете како мене [/QUOTE] Да, апсолутно не им се добри парфемите. Значи да си го земам тој го гарантираш хахаххахах
Тешко тие од Зара да траат цел ден. Пробај со дизајнерските, чим толку сакаш трајни да се. Мада и зависи до кожата колку ќе траат, не на сите исто ни траат. Crystal noir од Versace го имаш пробано? Овие од Carolina Herrera штиклата Good girl, ама зависи и какви мириси сакаш. Еве мене ноарот ми е преубав, на друг може грд му е. Спојлер Ја поубав од овој до сеа не сум мириснала. Мајка ми го имаше порано, пред 100 години и уште коа ќе го мириснеш, се осеќа мирисот. Не знам дали уште го има во продажба. Според мене, му нема рамен.
Имам пробано еден од дизајнерските, Jimmy Choo, али искрено прескап ми е за да давам на два месеца по толку пари а брзо ги трошам. Би си го купила за специјална прилика ама ми треба некој ваков обичен што трае за да го шприцам секој ден. Од кај ги купуваш дизајнерскиве, космо?
Хахаха неам одамна дизајнерски и ја секако за специјални прилики само, таман работа за секој ден, жал ќе ми биде. Иначе да, Космо, Шатци, Еликсир, Фабу. Или од фри шоп можеш. Од коа го мерачам овој на Версаче да го зеам ама не доаѓа ред, а ептен го сакам.
@bookslover Ете еден мал “трик„ кој можеби ќе ти помогне. Имам и јас неколку дизајнерски, но ги користам за посебни прилики. За секој ден пробај да набавиш од Авон од оние сет: гел, млеко за туширање и парфем од некоја нивна линија. Ова ептен прави да мирисаш убаво, свежо и цел ден. Исто и клуч за убаво мирисање е дефинитивно убав, долготраен дезедоранс. Пробај ако сакаш, убаво ќе мирисаш и плус ќе ти е хидрирана кожата сега баш зимава кога поради ладно ептен се и суши.
Pure poison Секоја година си велам сега ќе си го купам од фришоп, и еве уште го купувам Кај нас не сум го сретнала Прескап е, и секогаш се подлажувам со некој друг поефтин. И јас сум вљубеник во "старомодни" парфеми, за есенва ќе го мезам "Ноа" на Кашарел.
Нели е преубав? Ја тогаш бев мала коа го имавме дома ама тој мирис не се заборава. Шишето си стои и уште мириса, не ми се верува, а нема ни една капка, зашо години и години се поминати. Ја се надевам некад ќе можам да си го дозволам. Стварно прескап е ама па еднаш се живее. Колку би можел да е на фри шоп, до кај 7-8к? Ама сигурно од 30 мл е цената, не верувам поголемо пакување да е дури и за таа цена. Од Cacharel "Eden" ден го знам ама не ми се свиѓа. Некако тежок е и прејак и ме асоцира на бапски мирис. Дека е препознатлив и специфичен, е, морам да признаам. А шо викаш старомодни па тие класика се, безвременски и сеа не може на секого да му се допаднат, тоа е факт.
Летово видов во фришоп само од 100 мл. имаа, околу 150 евра му беше цената, не памтам точно. Никогаш не сум го имала, се заљубив во него кога го пробав на Евзони пред неколку години. "Eden" и мене не ми се допаѓа, "Noa" има подруг дух. Топло-мошусен е, чист, не се расфрла со аура, припиен на кожа. Идеален ми е за вакви есенски врнежливи денови кога времето е ладно и тмурно, парфемчево зрачи со некоја топла ретро енергија.
Сеа баш го глеам на странава ама овие се онлајн. Колку и да викаат дека се оригинални, голем ризик е да се порачува вака на невидено, не се малку пари реално. https://fragrance.mk/p/dior-pure-poison-edp/
Секако. Мене ми се за овој период топ оние од Eve, ги има повеќе, со ниеден нема да згрешиш. Мене ми е преубав оној златен еден. Исто и оние Today Tomorrow. Far away, Rare, Little Black Dress мене воопшто не ми се допаѓаат. Инаку овие одат често во комплет со лосион за туширање или после туширање. Attraction for her исто ми дава femme fatale вајб, премоќен ми е за ова време. Ќе ја тагнам и @Selena01 пошто гледам во темата користи Авон па може она нешто ќе додаде плус.
Attraction (кој било од таа линија) се убави за овој период, малку се тешки ама тоа е веќе индивидуално бидејќи ванила нотите може да бидат специфични. Мене ми се тешкички. Сите други од today tomorrow always линијата се исто убави. Единствено новиве eau so modern, lovely или не знам како тие не ми се убави, како за во тоалет освежувачи. Far away мене лично ми се едни од најлошите, но тоа пак е индивидуално. Овие имаат тешки мошусни, дрвенести ноти и делуваат многу како оние стари парфеми од времето на баба ми. Imari линијата се убави и заводлии мириси Rare Gold/ Rare Pearls ,мене на црква ми мирисаат. Затоа не ги сакам, ама на многу луѓе им се омилени. Мислам ако веќе сакаш од Авон да земеш,зачлени се. Имаш во фокусот мали тестерчиња.
Јас се заљубив во парфемите на Rituals… поготово машките (тоа имам купено), и долготрајни се, оставаат траг. Chance и Gabriel секогаш класика. Black opium и Libre кога немам доволно пари
Фала ти. Тој не знам како мириса, па значи не бил претерано скап. Ја викав за Pure poison од Диор, тој ми е ептен скапичок, а најубав до сеа.