Сакам да си се почастам со некој нов парфем ама не можам да одлучам кој би бил најдобар избор. Кои имаат најтрајни парфеми од овие што вредат за цената: Dior, Nina Ricci, Elie Saab или Carolina Herrera?
Траен парфем што би го препорачала до сега што сум го имала од маркиве е Jimmy Choo, конкретно парфемов го добив на подарок и беше прекрасен. https://schatze.mk/prodavnica/parfemi/zenski/i-want-choo-edp/
Препорачајте некој пудрест парфем, што не е јак но е за есен, што ќе мириса елегантно, чисто и секси (ова најважно, скип другите хихи ). Знам дека глупава комбинација сум направила но можеби ќе најдам нешто. Да има некаде во Скопје, со тестер, онлајн никако. Многу имам проблеми со мирисите, единствено нешто што сум користела до сега што ми се свиѓа и не ми се преврте од нив беа versace crystal bright, my burberry blush и paco rabanne ultraviolet (купен како тестер но не знам дали беше оригинал тестер, многу убаво мирисаше но на дечко ми не и се свиѓаше). Препорачајте ми некој друг за да не прскам стотици парфеми низ парфимерии пошто после петтиот веќе не осеќам ништо, а после некое време мирисат различно и заборавам кој парфем беше , и ако можете да ми кажете каде да ја побарам. Благодарам од напред.
Ало пудрест мислиш на powdery, musky notes, да дојдам дома ќе ти пишам повеќе предлози. Пошо знам/користам доста пудрести парфеми. А ако мислиш на друг вид пудрести, ќе пробам да најдам други сугестии. Пошо пиша Bright crystal, blush, тие се повеќе нежни, освежителни ноти.
Стварно не знам друг начин да ја опишам, кога некој има употребено вакви парфеми (беа непознати па не можев да ги прашам) мирисаше чисто но и "seductive", но не беше некој јак мирис, чисто информативно за споредба: carolina herrera - good girl и versace crystal noir ми се многу јаки, а crystal bright и my burberry blush ми се убави но повеќе ми се за лето. Ако можеш да ми ги пишуваш тие дома што ги имаш би ти била многу благодарна па ќе ги пробам овие денови, ако не се што барам ќе пишам пак
Види ги сите на Narciso Rodrigues, бидејќи се целата колекција со пудрести, мошусни ноти. Ги имаш во парфумерие, бидејќи оригиналите се скапи. Ако ги бараш, кажи ги со бројче а не до име, бидејќи не ги знаат сите по име. Го имаш обичниот (171), Narciso Rodrigues poudree (254), Narciso Rodrigues pure musk (427), Narciso Rodrigues musk noir (469), Narciso Rodrigues rouge (412) , Narciso Rodrigues delicate (169), Ange ou Demon givenchy - la secret (0017) La Nuit Tresor Lancome (341) Diamond musk Lancome (437) Види ги од Lancome Idole имаш идоле аурс, Idole nectar....) бидејќи има повеќе видови ама малку удираат и на ноти на ружа, е сега тоа е веќе индивидуално. Од Зара најомилен пудрест ми е fields at nightfall, погоре или во другата тема го имаме зборувано. Само што е малку унисекс. Не е типичен женски парфем. Bvlgari omnia Amethyst Estee Lauder beautiful belle (od Parfumerie) Тоа е проблем со сите мошусни каде што може некои од нив да се малку унисекс, ама тоа зависи и од вкусот за парфеми. Други малку по женствени ама не се пудрести. Chanel Allure Channel Chance Valentino voce viva Valentino Valentina Tresor Lancome (klasichniot najobicen) Little Black dress Avon Nina Ricci love in Paris Ninna Ricci - Ricci Ricci Armani Code Prada Paradoxe (omilen momentalno!!) Burberry - the body YLS black opium
Од набројаните моментално го имам Carolina Herrera штиклата. Преубав е, претраен, елегантен од мене има 10/10. Друга препорака која е тука така со цената YSL Libre Intense, преубав, необичен и неверојатно траен. Баш овој од сликата од штиклите, пошто има неколку вида и сите се различни: