Мене никој од Версаче не ми трае. Пробани Bright Crystal, Dylan Blue, Red Jeans, Eros.. само Ланком, Нина Ричи и Том Форд ми траат. Пробав и со Гучи ( некои да, некои не). Едино што разбрав за парфемите е дека ако содржат повеќе парфемско масло ќе траат подолго, а тоа значи дека на светла облека ќе остават флека (десило ми се). Секогаш прво пробам тестер, ако ме удри на алкохол мирис не му давам ни шанса. Така Скандалот ми изгледаше траен, не мирисаше на алкохол, ама трајност на облека беше 3 часа, па не го купив затоа што и не е ефтин. А Том Форд иако премногу трае, прескап ми е и не можам стално да го купувам, само кога е на попуст. Па терам со Ланком моментално.
Малку појак. Но не прејак, благо ми мириса.Кога ја видов опаковката очекував нешто многу тешко и јако, а не е таков. Мислам дека имаше ноти на роза. Го немам користено, само го имам пробано. Траен ми беше на облека, на кожа ми испари побрзо. Midnight Rose ми е фаворит бидејќи е по нежен и многу мрсен. На кожа трае со часови, на облека дури и после перење. Пробај ако сакаш нежни.
Narciso Rodriguez баш такво и му е името "пудресто". Narciso Rodiguez Јас го имам Pure musk. Заљубена сум во сите.
Не знам кој е најнежен, сега за сега го имам Pure musk и сум у љубов со него. Poudree е некако посуптилен, чист, ма сите ги сакам. Ама по 8700 се не можам сите одеднаш
Женски дали некој купил од Supreme Vanilla од Зара? Каква е трајноста? Единствен парфем од зара што ми се свиѓа е.
Последниве месеци најголем фан сум на Lush мирисите. Особено Let the good times roll. Немам нешто потрајно ставено во животов и никогаш повеќе ме немаат прашувано што мириса така слатко , што парфем носам. И не е парфем , туку спреј за тело. А мириса како парфем. Тука гледам го немам пофалено
Na Fragrance dali se original parfemitr,bidejkji ima golrma razlika vo cena za Black Opium od 90ml vo odnos na drugi prodavnici?
Сите на форумов не зарази со спрејчево. Стварно предобар е. На полица шо само седи меѓу други парфеми па само него го чувствувам, не знам шо чудо ќе беше. Не е нормално на облека колку траен е. Ако волку спрејовите им се трајни, можам да замислам парфемите тогаш.. И добро искрено, кој ти е потраен, Vanillary парфемот или овој?
Не сум мириснала нешто подобро одамна. Моќен, секси, специфичен и дефинитивно далеку од њањави ноти и баш ради тоа не стои на секого. Црна кожа, цигара, пирсинзи, тетоважи и алтернативен изглед. Нема потесен опис.
Здраво, дали може некој да ми даде инфо за цена на Carolina Herrera Very good girl Glam на free shop? Или дали некогаш ги намалуваат кај нас ? Поздрав
Брат ми ми го зеде парфемот од фри шоп летово. Мислам дека спомна околу 70е за 50мл. Ама не сум сигурна. А за кај нас не знам. Има често попусти во шатце дури и до -30% што ми е нереално. И мислам дека квалитетот општо кај нас за парфеми е понизок. Ако имаш шанса земи го од фри шоп