Имам пишувано погоре, ја сум доста задоволна. Траењето на парфемот зависи и од видот. Пример полесни парфеми не траат секако долго. Ама за разлика од Рефан или Економик имаат многу поголем избор и не удираат толку на евтин алкохол.
Да ги пофалам копиите од kayali од парфумерие. Пошо ми беа на wishlist оригиналите ама месецов не можам да си ги дозволам, ќе пројдат и копии Го земав 636 - копија од utopia vanilla coco kayali 21 Мириса слатко, иако треба да има и кокос во составот не се осеќа премногу, реално е јак парфем не премногу ама сепак. Убав е за вакво ладно време. И многууу потсеќа на бони топ или како и да се викаа едни парфемчиња порано со малечки шишенца во боја. Ме враќа во детството парфемов. 637 - копија од kayali 57 white flower Понежен од предходниот, има дрвенеста и цитрусна нота ама пак е со некоја средна тежина. Исто ме потсеќа на некој од попознативе ама нема шанса да ми текне. Трајноста е неколку часа (3-4) на тело а на облека сега тестирам, иако мислам дека нема да се нешто претерано трајни. Спојлер: Kayali - parfumie Тој од лево е kayali 57 white flower Десниот е kayali 21 utopia vanilla coco
Дечко ми го зема летото, ама откако го зема прочита дека е реформулиран, не е многу јак и не трае многу, па се покаја што го купи. Мирисот како мирис многу ми се допаѓа, мене ми нема текнато да го пробам на мене како би траел и мирисал.
Девојки здраво, никаде не можам да го најдам Bianco latte Giardini di Tsocana. Дали знаете реплика за истиот или нешто слично што мириса? Фала ви
Го зема ли Yum Pistachio Gelato? Јас бев и го немаа, само dejavu и utopia vanilla coco. Cheirosa '62 го имаат исто.
Valentino Donna Born in Roma Coral Fantasy Овој ми е следен за купување, на грчкиот фришоп е со попуст, овде кај нас е поскап. Обожавам овошни парфеми. Тестирано дека е траен, доста траен, еднаш се прснав и со денови траеше мирисот на јакната дури и после перење. Нежен, сладок, привлечен, а ненападен. Претходно го имав овој: Отмен мирис, за вечерно излегување топ. Трае многу. Дефинитивно се откажувам од Армани, Валентино ми се next fave. Следно исто така сакам да ги пробам парфемите на Mugler, обожавам Gourmand Fragnances. Ги има некој користено? Ме интересира мислење. Посебно за плавиот Angel.
За вториот и јас се сложувам апсолутно! И тоа копиите не се ни споредливи со оригиналот. Е сега поскап е ама вреди. А од муглер го имам alien и за него најмногууу комплименти сум добила. И оригиналот ми го пофалиле и копијата од лорис. А конкретно таа копија многу е слична со оригиналот. All time fave ми е
Angel го имам секогаш , само што ќе се потроши земам нов обожавам благи тешки мириси, а овој е баш таков. јас од Hondos center во Грција го купувам
Значи сличен на спрејот од Лаш. Обожавам и јас благи мириси ама да не се осеќа она вештачкото како спреј за соба, како што е Лаш. Да си биде парфем парфем. Одамна му се мислам. Валентино секако е следен нема промашај.
Па благ е, ама секако не личи на тој на Лаш. Angel мириса на бергамот, пачули ептен благ мирис Исто благ ми е на Lancome La nuit tresor intense , не знам дали си го мириснала
Ако не го мириснеш Angel не го купувај на слепо. Мирис на пачули или сакаш или не сакаш нема измеѓу. Всушност ништо од Mugler не се купува на слепо. Alien e цветен јак парфем а Angel е еден од поомразените парфеми заради нотата на пачули.
И јас би ти рекла ништо да не купуваш на слепо од Муглер, премногу се специфични. За мој вкус т.е. мирис сите што сум ги мириснала ми се претешки, освен можеби Alien Goddess.