Ова се е фејк, дури и знам другарки мои што ги имаат лажено тестер демек оргинал а нема врска. Долго работам и се познава одма, некои малце потешко ама пак се гледа. Од овие ич немој којзнае што има во нив, убаво ти пишале поубаво рефан или тие во еаст гате што ги фалат. Иначе за последното прашање, ти пишала и друга членка. Да повеќето се обични бели, слики вакви ко на овие нема никогаш. Зависи од брендот некои се и баш картонски кафеави ама не се води по кутиите 99% се лажни што објавуваат. Би рекла и 100% ама ај. Никој кој сака и каде сака нека е вработен нема за извоз ни толку парфеми ни тестери. Од обуки што ќе дадат нема за продавница да отвориш
Не знам што е хајпот со овие арапските парфеми не сфаќам. Првиот на Латафа Ana Abiyedh толку многу воспеван фален готова бев да го купам, среќа добро го истестирав прво.. Мене ми мириса на мочуриште. Има некоја нота што мириса баш кога ќе поминеш покрај некоја бара Ова откако ќе отстои неколку часа на кожата, буквално мириса ко да не си се искапил.. Не е до мојава кожа веќе го препознавам на секој кога ќе помине покрај мене (очигледно стана вирален веќе сите го носат) и ми се прислошува.. Среќа што не го земав. Следен за тест ми е Yara тој вториот до него, и тој е веќе премногу популарен па после ова искуство не се лажам да потрчам да купам на слепо парфем.. Сите арапските ми имаат како некоја метална нота која малку е непријтна, како бензин измешан со цвеќиња
Ги мешаат си други парфеми, не ги користат само нив, како подлога арапските па после некој друг. Појаки се и повеќе траат кога се измешани. Е сега кој со што јас незнам да кажам.
Дали овој парфем ќе биде повторно на залиха? Долго време го барам и го нема. Дали знаете и сличен парфем на него?
Јас го имам YARA, ми се допаѓа мирисот бидејќи ми делува уникатен. Трајност 10/10, буквално вреди за цената.
Девојќи, некоја од вас има искуство со https://www.instagram.com/parfemimacedonia ? Приметувам дека во highlights имаат објавувано доста задоволни корисници и искрено парфемите не ги продаваат по ниски цени - од 3000 па нагоре. Јас баш ги правашав за Creed Aventus (подарок за дечко ми) и ми рекоа 6000 денари. Претходно имам купувано од refan но не сум задоволна од квалитетот и долготрајноста. Дечко ми е фан на авентус, но во моментов не сум во состојба да му го купам оргинален, а му се доближува роденденот и сакам да го изненадам па пробувам да најдам некој оргинален тестер. Ако некоја од вас има искуство и е задоволна од некоја друга страница слободно нека ми пише.
Ја искрено никогаш не би земала од вакви страници, имаше и една членка пишувано баш за тестери, пошо работела во парфимерија. Мене ми е несигурно, како може да имаат толку тестери, и кој ми гарантира мене? Ај да се 1000/1500 ќе прежалам, иако не е мала сума на пари. Ама за 6000 ќе си купам во парфимерија и нема да ме боли глава
Мене ми се допаѓа многу. Во глобала си е типичен зимски парфем, има прилично топли ноти и мириса на ванила со цветно-дрвенасти примеси. Баш е спајси, но не би рекла дека мириса на нешто цветно и тешко, туку станува збор за побогат спој на состојки. Потежок мирис има и интересно се развива, се губи ванилата и мирисот е малку подрвенаст. Но воопшто не ме гуши и не ми смета ко што ми смета Crystal noir на пример, или Hypnotic poison. Овие два ми се навистина тешки и не ми се допаѓаат како ми стојат. Има шанси да ти се допадне овој на Живанши ако сакаш појаки мириси, ама си е специфичен некако, па пробај го и види како ќе ти се чини.
Ова се едни од подобрите парфеми шо ги иам мириснато, секоја чест на тие жени шо ги користат. И јас сум во план да ги купам.
Моментално го имам, фантазија! Инаку сакам овој исто така да го пробам следно, само многу се скапи. Poudrée Eau de Parfum Spray Дали некоја го има користено?
си го купив лани крај на октомври. и заљубена сум. на моја кожа мн долго трае . а читав критики дека не траел. многу женствен. само ми е криво што си го земав 30 мл. веќе повеќе од пола ми е потрошен при крај ми е . а го земав и версачето кристал ноар . и тој е убав многу ама тој е за поладно време. а маск ноар мислам е топ за секое време и место и прилика . многу добар !