Никогаш немам купено оригинал парфем од причина што што и да ставам на телото не ми трае мирис воопшто. Најверојатно таква кожа имам. Е сега се заинаетив и сакам да си купам некој убав квалитетен парфем. Кој парфеми важат за подолготрајни ??¿? Љубов ми е МУ Way од Армани, за него како се критиките?0
За тој од Армани, не знам бидејќи ми е зачудувачки одвратен. Инаку пробај ги од Валентино. Voce viva е многу убав и доста трае. Или од lancome, ама да знаеш доста имаат ноти на ружа. Ако можеш да ја поднесеш ружата ќе ти се допаднат. Alien mugger мене ми трае цел ден. Chanel Allure (дава вајб како за постари, old money) Од Зара единствено fields at nightfall трае цел ден како ништо. Други од Зара ми немаат таква трајност. Не знам за narcisso Rodriguez како стојат со трајност оригиналите. Јас имам испробано само копии и ми се допаднале. Кој и да го купуваш, би ти рекла ако имаш можност да одиш до Солун или кај било од странство. Бидејќи нашиов пазар на парфеми ми ја нема истата трајност/квалитет.
Женски предложете ми парфем со благ мирис, ванила, кокос, карамела, нешто екстра благо. Обично кога и да мириснам парфем кој треба да содржи ванила, ми е прејак и нема ни в од ванила.
Lush Vanillary perfume , Lush Let the good times roll (овој не знам дали го имаш пробано, карамелест е) @Dignidad зависи какви мириси ти се допаѓаат, јас од тие што ги имам користено, најтрајни ми испаднале Jean paul Gaultier - Scandal, Dior Jadore , Dior joy intense, Lancome La nuit tresor intense, Mugler Angel.. ама ептен се јаки, јас сум по јаките парфеми треба да пробаш прво
Zara fields at nightfall трае премногу, Hipnotic vanila, violet blossom, femme, red tempation исто. Тие што се од новата линија (парфемите edp а не тоалетни води) се сите солидни со трајност, многу трајни се.
На кутиите од тестерите нема слика од парфемот. Никогаш. Обична картонска кутија со бренд/име на парфемот. И секогаш е наведено дека е тестер. ATTACH=full]897691[/ATTACH]
Here comes thе perfume addict. Сериозно, секој месец купувам по некој не можам да се запрам. И после секое бањање користам различен. Гледам кожата да ми е хидрирана, за да ми трае подолго. Фаворити моментално: Givenchy L'interdit Rouge Burberry Black
Дали некој го има пробано оној Аркана парфемот Спенџарска што го дупна од рекламирање? Она не ни кажува на што мириса, туку само леле најдобар е, нема да згрешите. Го купил ли некој?
А копија на Givenchy L'interdit Rouge? Од белина го бива ли? Или не си пробала? Ретко наоѓам добри копии на парфеми.