Кој парфем ви оставил впечаток како уникатен мирис? Нешто што никогаш претходно не сте мириснале? Знаеме дека има еден куп генерички мириси ( La Vie Est Belle - I am looking at you ), и не мора да ви се допаѓа, едноставно да е различен. Имате таков?
Како мириса, баш на кокос, лето, плажа и такви ствари? И која цена е? Pure Poison - Dior. Е тоа е нешто посебно. Мене бар најубав ми е. Стварно софистицирано мириса некако и луксузно.
Fabu не се оригинални парфеми, само тестерот е оригинален, да се излажеш да купиш. Од тестерот буквално цела соба мирисаше со денови, а откако го купив само мирисаше местото каде што сум пробала на блузата ☹️ се работи за Carolina Herrera Good Girl.
Истово го имам слушнато и за Шатци. И затоа сум скептична за купување овде. Подобро ми е во странство или фри шоп
Таман се ослободив од сите стари парфеми, што потрошено, што подарено. И решив 100 мл. Summer Vibes Light Blue да го купам. Ми има некоја убава праска и лимон нота, совршен за лето. Башка ми одговара со хемијата на кожата. А, класичниот Light Blue ич не е мој стил. Е, ајде де. Ама осеќам дека нема да застанам тука. Ме копка Terracotta на Guerlain како мириса, исто и Zen на Shiseido. Се потсетив и на Premier Jour, Nina Ricci и воскликнав буквално кога видов дека уште се произведува. Го немам видено во слободна продажба и немам мириснато добри 20 години.
Jas momentalno sum zaljubena vo lady milion.A najcesto koristam edna turska kopija na coco chanel od golden rouz,roxanne.Go imam i versace red jeans nesto mnogu ubavo i svezo.Boss mi e malku jak pa retko go koristam.
Јас лани летото го земав 20 евра на Евзони. Тоа е еден од најевтините парфеми на Фри Шопот кој редовно им е на акција. Кај нас претеруваат.
Доста солидна трајност има според мене. Не очекувај од сабајле до вечер да се чуствува но по неколку часа држи сигурно.
Не би знаела.Вујко ми ми носи од фришоп бидејки вози камион.Знам дека обично во космо има попуст почесто.Во космо во грција.
D&G light blue, light blue intense,light blue italian love или light blue summer vibes? Кој е најтраен и дали многу слично мирисаат?
Mi treba pomos, ovoj parfem od Oriflem mi e omilen ,, Amber elixir,, Kazete mi nekoj sto e slicen na toj, i da e traen ☺️☺️