Да има. Јас си земав пред некој ден lattafa ajwad,се мислам уште некој да си земам. Кој од арапските не ти се трајни? Да знам да ги избегнувам иначе и ја прочитав дека треба да се прснe едно 10тина пати и да се остават 2-3 недели за да бидат потрајни
Порачувал некој парфеми од странски сајтови да сподели кои доставуваат до МК? Барам со денови но безуспешно, никоја не испорачува до кај нас
Во потрага сум по добра фирма за копии на парфеми, се нешто не ги погодувам. Која фирма е оваа копија?
Ова е на Fragrance World, Дубаи. Шишенцето е прекрасно, мирисот е неодолив, ама не ми трае. Стои долго време, ќе видам шо ќе се деси. Еве го: 1000105251.jpg Кај нас се мнооооогу поскапи на Латафа, во однос на Америка, да речеме. Само, внимавајте: во последно време Кина прави страшни копии на копиите (да, и тоа го има!). Пример, имаат пуштено тешко сра*е копии на парфеми од Латафа, па на нет можеш да ги најдеш за пола цена од стандардната. Само ќе се излаже човек ако купи, поради пониската цена. Многу тешко тоа, јас долго време истражував-не најдов. Или најдов, ама со екстра скапа достава.
Леле баш се мислев дали да го земам овој. Ама чим викаш дека не трае ќе земам друг, овој ќе го размислам. Да не знаеш каде го има овој?
Ова ти е ананас. Буквално како пина колада во парфем )))) За жал, мислам дека кај нас го нема. Единствено да се провери по некои локални парфимерии, знам една во Кочани дека носи вакви парфеми. Најблизу ти е Србија. Кај нас, и да го има, сигурно би бил над 2500. Во Америка, пример, за истиот ќе платиш некои 1500 денари, 1700 максимум. Тоа го зборувам, не е фер со цениве... Ги дуваат. Башка, овој што го сакаш не е копија на веќепостоечки, па не би можел одма да ти препорачам некаква замена. Ако сакаш замена, кажи, ќе пребарам и ќе ти помогнам. Edit: Искрено, Cocktail Intense е совршена копија на Angels' Share. Ако сакаш да го добиеш тоа-земи го. Исто од Америка, така?
За добар парфем сум давала и повеке од 2500, сакам парфем што трае и да е интензивен, појак.Од Америка немам кој да ми донесе/прати. Ама од Србија имам, баш ќе ги земам и двата. Фала ти
Во потрага сум по парфем со сладок мирис. Размислувам помеѓу овие.Дали ги имате користено како сте задоволни ? Многу пофални зборови слушнав за good girl, не сум го пробала досега. Ако имате препораки за други парфеми со сладок мирис пишете.
Мислам дека скоро секоја девојка има фаза на good girl. Мене ми е класика парфем, многу секси. Не е баш благ споредено со my way на пример. Ако сакаш баш благо, пробај my way.
Ги имам и двата, убави се многу. И баш ми се совршени за овој период. Други слатки парфеми искрено не ми текнуваат. Види го allure Chanel, Hugo boss the body.
Good girl ми се допаѓа ама некако не би го опишала како сладок, повеќе е цветно-дрвенаст, барем според мое мислење. Кратко траат слатките ноти, повеќе се осеќа базата. Јас би ти го препорачала La Belle Le Parfum на JPG, е тој е дефинитивно сладок. Но има и некоја сензуалност во него, за постудено време баш ми се допаѓа, не очекував да ми легне.
Помеѓу овие два дефинитивно оди со Good girl. Black opium ми е буквално џабе фрлени пари. Толку фален парфем а мене воопшто не ми се допадна што го ставав секој ден за на работа чисто само да го потрошам.
Многу ти благодарам. Баш бидејќи е класика сакам да го пробам, ќе го разгледам и него. Ти благодарам. Ќе ги разгледам, ти благодарам. Black opium според мене посладок е и некако има специфичен мирис. Какво е твоето искуство ? Затоа размислувам за него бидејќи не е баш слаткаст, но е класика хахаха. Ти благодарам многу. Ќе го видам и тој парфем. И јас мислам на крај дека ќе го земам Good girl. Многу ми се допадна класичниот и розевиот. Ти благодарам
Гуд грл ти е класичен, да не речам универзален женски мирис. Ама досаден е, ништо не го прави уникатен. И повеќе е генерички. Башка, не трае повеќе од 2 саати. Јас би ти препорачал да ги пробаш следниве: 1.T.Mugler-ALIEN 2.YSL-Libre Intense 3.Givenchy-Ange ou Demon 4.Lancome-La Vie Est Belle 5.Guerlain-Mon Guerlain 6.N.Rodriguez-Narciso Rodriguez for Her ALIEN и Mon Guerlain се нешто што ме носи на друга планета, и покрај тоа што сум машко. Неверојатно добри парфеми! EDIT: Сладок парфем-океј, ама треба да потенцираш дали слатко во стил овошје, цветен, ванила, гурмански... Тоа прави огромна разлика и дополнително помага при изборот. Пример, Baccarat Rouge 540 го имаш мириснато? И тој е благ.
здраво сакам да го земам еуфорија, дали некој го користел дали е сега за есен дали е траен само го имам мириснато и убаво мириса
Да прашам дали некој знае во Мк дали може да се најде Eilish парфемов? Или па ако сте нарачувале од некаде, секоја информација е добредојдена