Има разни сетови со парфемов, барем кај мене овде во Грција зборам. Види по парфимериите може да има и низ Ск
Здраво дали некој користел од noirfragrances.mk парфеми,и ако да дали се трајни? Сакам да го порачам либре па ми треба мислење…
Цел живот купувам парфеми од Еликсир или сега поскоро почнав пд fragrance да порачувам. Другарка од Словенија често знае да ми донесе или тета од Швајцарија ако ги фатам на добар попуст. А квалитетот - буквално ист. Ништо нема разлика ни во траењето ни во миризбата. Зборувам за Еликсир, е сега во друга парфимерија не знам. Плус 2-3 парфема користам долго време па веќе сум научена и на мирисот и на траењето, ако има нешто различно ќе забележам.
Може ли да ми препорачате некој парфем за секојдневна употреба, за на работа, до овде до онде што не е поскап од 1000 ден? Сакам цветни/овошни мириси,, не ги сакам оние јакине кои се врзуваат за некој специфичен парфем. Нешто лесно, секојдневно, не нападно
Мене од тие поефтините омилени ми се на C-thru. Цената им е до кај 500-600 и траат за таа цена. Фаворит ми беше овој, оддамна не сум го купила
Јас го имам оригиналот Либре (класичната верзија) и неодамна ја зедов копијата од Ноир чисто од љубопитност. Би рекла ист е 90% а трајноста е на завидно ниво, го осеќам на мене цел ден а на алиштата ми стои со денови. Од мене топла препорака, планирам да ги пробам и останатите копии што ги поседувам и оргиналите па да направам споредба Исто го мириснав Montblanc Signature на тестер кај нив, оригиналот го купувам со години веќе ми е “signature” парфем и пријатно се изненадив колку се слични, не би го препознала дека е копија. Искрено изненадена сум пошто имам лошо искуство со копии кога и да ги пробам немаат врска со оригиналот
Е копија на веќепостоечки. Initio Musk Therapy, и се сигурно ѓавол ипол со цените по ниш парфимерии. А за копија не знам сигурно Зара има до сега смислено некој dupe
Дали парфемите од fragrance.mk се оригинал? Правам споредба со паефемите во шатци и таму им се доста поскапи. П.с. што е со попустов во шатци
Каде ги има во Скопје парфемите на Lattafa? Да има и тестери да се испроба. Кој според вас вреди и е најтраен? Yara белиот, розевиот некоја да не ги пробала? Тука во Грција ги наоѓам онлајн и има доста избор ама не ми се зема така не слепо . Јас сакам јаки и благи парфеми.