Има во ДМ ама слаб избор. Иначе негде во стара чаршија кај џамијата имало дуќан со арапски парфеми и таму ги имало на латафа. Точно каде не знам а баш ме занима. Јас ги имам овие два и белиот е баш таков слаткас и јак, цел ден ми трае дури ако саат малку повеќе и да ја исперам облеката пак мириса
Го пробав Kirke (Tiziana Terenzi) и изненадена сум?! Интерпункцијава ваква зашто не очекував да ми се допадне. Скроз неспремна ме фати мирисов, позитивно се изненадив. Многу дрогирашки мирис, само се душкам цел ден. A толку е кичерајско шишето, никогаш не ми фаќал око зашто мислев дека е некој премногу благ и тежок, па го одминував. Навистина не знам што е со ваквите амбалажи, оваа ич не му прави услуга на ваков нежен, женствен парфем. Да, знам дека е унисекс, ама мене ми е баш женствен мирисов. Навистина преубав парфем, на почеток е силен овошно-пудрест мирис, а во основата има дрвенасти ноти.
Ме замисли за овој да ти кажам, баш ќе го тестирам деновиве. Уствари мене дилемата ми е за секој унисекс парфем кој го има дечко ми ама никако да се наканам да прснам, а искрено и не сум купила досега таков. И за Instant Crush од Mancera му се мислам од кога да го пробам, сега од Boudoir земавме еден Majaina Sin, овој последниот ептен ми влече на женски, ама ај да не му кршам филм.
Gi ima vo Schatze, a rozoviot Yara go sporeduvaat so hypnotic poison. Nemam go licno mirisnato za da kazam dali e taka posto jas dolgi godini koristam hypnotic poison. Inaku vo DM nema testeri a vo Schatze ima.
Не е лош Кирке, навистина фино мириса ама за разлика од други унисекс парфеми, мене ми е баш женствен. Во последно време само унисекс парфеми користам, овој баш убаво ми дојде нежничок ко за промена, иако не би рекла дека ми е омилен или нешто такво.
Go prodavam ovoj parfem, zenstven, nezen i dolgotraen arapski parfem koj momentalno se najaktuelni na pazarot Koj bi go sakal neka mi pise Parfemot e 100ml.
Прашањево е од пред година, но да кажам дека не би требало да се фејк, пошто реално цените и не се толу too good to be true. Надвор од МК, парфемите се поевтини дури и од сајтов. Кај нас у парфимерија се грабеж.
Кога идете од Бит Пазар би ви било полесно да го најдете, збутанко е, ама се наоѓа. Еве мапа: Џамијата е со фонтани. Не знам на друг начин да објаснам Кај шо се розевите иксови таму негде би требало да е дуќанчето. Џамијата е Мурат Паша. Па користете мапс.. скоро на излез од чаршија, на пат накај бит пазар (не е од кај центар страната)
Ти благодарам.А си била таму, има избор?Јас можам и од fragrance.mk да нарачам ама сакам и да мириснам пред да купам.
Има, има. Му кажуваш на човекот дали сакаш полесен, поблаг, полетен, позимски мирис и ти дава тоа. И траат мнооогу долго.
Овој конкретно од фонтаната кај џамијата во чаршија кон Битпазар кога одиш, на тезгичка од лева страна. А општо вакви маслени ролони имаше и баш пред да влезеш во чаршија на тезга до тие петарди што продаваат, и кон автобуските кога одиш на тезгите пред продавниците може да начекаш. Јас мн одамна го имам овој исто користено и овојпат не ми е воопшто чоколаден мирисот како што ми беше тогаш , не дека е лош, пак е благо, ама чоколадно не е
Зависи какви мириси сакаш, јас генерално сакам парфеми со дрвенасти тонови, мошус, нешто во таа насока бирам обично. Многу ми се допаѓаат Musk oud (Kilian) и Megamare (Orto Parisi). И The Dreamer на Версаче, кој се води како машки парфем, ама мене ми е баш нежен и го користам одамна. Ми мириса на омекнувач за алишта.