@Astrum.Obtutus @Youknow Не е до бреднот, ниту до тоа што е тоалетна вода, туку ако е земен од кај нас, дефинитивно не е оригинал, за жал
Crysral Noir замисли, парфем, не тоалетна туку парфем кој кошташе околу 11к у Космо, ем шо не траеше ич буквално не го осеќав ко вода да беше, ем тотално поразличен одошто го памтам. Тотално разочарување. Се слагам дека кај нас не треба да фрламе пари на вакви ствари, не вреди воопшто.
@Mrs. right Баш така, кај нас нема оргинали, само оригинални цени Баш пред некое време влегов во Космо, после долго време и буквално сите парфеми исто ми мирисаа. Во Шатци, ем сите исто, ем како на некое средство за чистење А еве Red Jeans-от што го постираше YouKnow, го имам шишето дома оригинално купено пред 15 години, уште мириса како првиот пат. И самата сега ја користам тоалетната вода на Кавали што ја имам тука постирано, ама купена од Странција и е супер трајна.
Не знам, јас имам и утки и некои што ми траат земено и од кај нас od Шатци и Еликсир и ден денес. Дури и од fragrance.mk ми се погодил. Guess Seductive Noir ми е земен од Холандија па ми трае помалку од мистот Sol de Janeiro 62 а е тоалетна вода. Omnia Crystaline и Light Blue се тоалетни води кај сакаш земи ги не се трајни. Инаку се сложувам за цена дека е подобро да не се купуваат од кај нас. Дали се оригинали или не има начин да се провери. За трајност зависи што купуваш, дали е реформулиран, дали си го тестирал на тебе и дали си прочитал reviews претходно. И ако е на некој траен на мене може да не е и обратно. Секоја кожа е различна.
Ми треба препорака за парфем што мириса чисто и пријатно за секој ден. Значи да не е цветен ни овошен,неколку пати веќе купувам и после ден два не ми е тоа тоа, не се малку пари а ми стојат не можам во последно време да си најдам нешто што ми одговара Би Ви била благодарна за секој предлог
Штета што е ова вистината… Другарка ми ги имаше YSL Libre и Burberry Goddess од Америка земени, значи толку се заљубив во парфемиве и дадов едно чудо пари во Шатци.. Мислам дека ни допирна точка немаат со оригиналите, а тестерите баш слично мирисаа.. Посебно Burberry Goddess, ми мириса на загорено масло, толку е прејак тој “подтон”, што апсолутно ништо друго не се осеќа. А за Либре да не разговарам, го прскам и не се ни осеќа на мене, како ништо да не сум ставила. Многу големо разочарување, зарем до толку не можат оригинали да носат.
@mimoza.mk Даа, дефинитивно! Врска си немаат изложените мириси тука со оригиналите Некаде на форумот мислам беше, читав еднаш дека тестерите може да се погодат да се оригинални, затоа се помаслени, колку да се прелаже човек да го купи парфемот и да се изгори И мене ова ми е огромно разочарувње, ем тука нема оригинали, ем брендовите и странските парфимерии не вршат достава до кај нас Или не може или е доставата три пати повеќе од парфемот - фазон
Дали некој има искуство со Nicole или Noir парфемите што ги рекламираат како копии од познативе парфеми? Дали се навистина приближни до оригиналите и трајни? Ми треба нешто за секој ден за на работа, а не ми се даваат многу пари за оригинал што ќе ми се потроши за 2 недели..
Имате видено некаде копија на Maison Margiela REPLICA Lazy Sunday Morning ? Дали на точење, дали сличен мирис...?
Ако мислиш на noir oд Битола, баш нарачав неколку парфеми пред месец дена. Не се лоши искрено, океј се за таа цена. Иначе се слагам со мислењата погоре дека "оригиналите" кај нас и во странство си немаат благе везе. Пример, Версаче што го имам купено од фришоп и версаче од нашиве парфимерии дефинитивно не е истиот парфем.
Ве МОЛАМ за помош Го користев The only one D&G Арно ама многу е скап оригинален постојано да го купувам Го најдов еднаш копија во Ројал платинум, копијата беше топ, но моментално бил стопиран за производство. Дали имате идеја кај може да се најде?
Здраво дечки ме интересира дали некој порачувал од жирафа мол (gjirafa mall) од приштина прашувам бидејќи сакам од таму да порачам латафа парфем
Латафа парфемите и општо арапските сега ги има секаде во секоја една парфимерија од најмала до дм... зашо баш од таму нарачување
Само поради попустите Дали некој ги користел Angham или Yara од латафа ме интерсира дали се долхотрајни и кој е повеќе?
Noa - Cacharel Тоалетна вода е, но трајноста е одлична. Мене ми е преубав мирисов, нежен и женствен, ненападен, а сепак впечатлив. И цената е пристапна исто така, мислам дека 50мл шише може да се најде од 2600 до кај 4000 ден. зависи како го начекаш во моментот.
Еве ја мојата колекција Дури си пишав и мислење на мојот тикток хахаха ако некој го интересира што мислам бујрум https://www.tiktok.com/@smartbeauty_sk/photo/7552871323853262136?_r=1&_t=ZM-8zwEc4e1jK7