Здраво.Сакав да прашам дали некој има искуство со парфемите на Fragrance.mk?Денес ми стигна Euphoria na Calvin Klein.Според пакувањето ми личи на оригинал но според трајноста на парфемот некако не ми делува оригинал, а и го земав преку Ананас за многу добра цена 3800 за 100 мл, што ми е малку чудно зашто никаде не е толку.
@Маја Т Според мене, не се оригинал. Ни таму, ни по нашите парфимерии, муабетот го правевме на претходните страни - дека нема оригинали тука Јас од Fragrance.mk сакав да земам Кавали и баш некоја девојка имаше оставено негативна рецензија, дека веднаш испарил, па се откажав. Исто Wish на Шопар на сајтот гледав им е зелен, па шта речи
Леле како не прочитав претходно. Стварно не се малку пари за нешто што не е оригинал. Сега и немам како да го вратам, ама барем ќе знам за друг пат. Фала ти најмногу.
@Polyincognito спреј за тело од VS порачан се рачуна? Love Spell го имав порачано, па шо знам стои Made in USA, и е истиот на мирис ко првпат коа ми го донесоа од Америка. Друго искуство со Fragrance.mk неам. Кој ги знае стварно шо праат. Нели има некои кодови шифри ли се шо се, според кои моеш да провериш дали се оригинали. Е сеа ако продаваат вода, а оригинална кутија срам да им е. Ја од парфимерииве кај нас тешко да зеам било шо, посебно па за тие надувани цени нема шанси.
Јас денес ги измачив и Chatgpt и Copilot за да ми го проверат дали е оригинали двајцата викаат дека е оригинал според кодовите, ама мене не ми личи така, посебно што го имам користено истиот парфем порано купен од странство и стварно бил прејак,а овој се губи после 1час.
Излеа овде се проверува ако не сум грешка. Којзнае што е работата, да не го разводениле многу, сменета формула или слично. А може едноставно за наш пазар идат најнеквалитетните нешта ко по обичај.
Да, таму и јас проверував и ова ми го дава како на сликата. Се надевам тоа значи дека е во ред, ама кој да знае.
@Mrs. right Да, според беч кодот нели наводно може да се потврди автентичноста. Ама на странски форум читав еден оти само и кодот му бил оригинален, не и парфемот Односно, дека денеска нема нешто што не може да се излажира. Тука на форумот читав за лажните Худа кармини во Шатци, па кога шминки лажираат, сè е возможно Според мене, најдобар совет што имам прочитано како во денешно време да знаеш дали производот е автентичен - е местото од каде си го купил. Сè друго пропаѓа во вода. Ако го купам парфемот лично од продавницата на брендот или нивен верифициран партнер за продажба - значи оригинален е. Ако го купам од некој не толку познат (shady) сајт, па дури и странски да е, голема е веројатноста дека се прскаме со света вода Нормално покрај ова, и по самиот себе ќе си знаеш, дали е траен на себе и на облеката
Ја видов темава случајно, па да ви споделам и јас еден парфем.. Дм овој го користи, мене многу ми се допаѓа. Извинете само што е матна сликата и не ме издавајте, тајно го сликав. Исто така ако знаете кај го има да се купи кажете.
@Mr.Limonko Не беше тој dupe на Lost Cherry од Том Форд? Прашај тука инаку https://www.manoard.com/kontakt.html А исто гледам излегува дека го има во ДМ, па провери и таму
Незнам каков е, не прашав тајно го сликав, да и го земам а да не знае дека знам кој е. Инаку ти благодарам.
Леле луѓе, новиот парфем на Каролина Херера е фантазија, ретко да ми се допадне парфем од прва, ама овој е скоро па совршен.
Јас го пробав мене воопшто не ми се допаѓа, во ДМ го има копија на Lost Cherry, пробав и други ама не знам зошто се толку фалени во Србија, од Refan и Boutique de la Parfumerie повеќе ми се допаѓаат копиите. Али ако тебе ти се допаѓа океј сепак секој има различно сетило за мирис.
Не знам, јас го најдов во Словенија. Веројатно доцни во Мк како и секогаш. Ама кога ќе го начекаш обавезно помирисај.
Ваша препорака меѓу овие два бренда, чии парфеми имаат поголема трајност? Конкретно за копијата на My Way од Armani ме интересира. Sansiro или Nicole?
Траен убав парфем до 500 ден. Сакам слични како Today tomorow aways и тие од авон ама нема од каде да порачам.