@Kumanovkaa Да, истиот е, само обновена амбалажа. Постојат само уште други два типа, L'imperatrice Royal и L'imperatrice Limited edition. Во однос на тоа каде да го најдеш, го има на Fragrance.mk, но би рекла ако имаш некој по странство да ти го донесе, е најдобро
Ги има во дм, евтини се, од 250 докај 500 им се движат цените, од прилика. Обично се мали шишенцата, 30 и 50мл. За овој конкретно некои викаат дека бил копија на лост чери од Том Форд, некои на скандал JPG, не знам точно. Мене у Србија таа вработената у Лили ми рече дека виолетовиот од маноард бил копија на версаче кристал ноар, а мене искрено не ми мирисаат исто, ни приближно. Мислам, убаво мириса и скроз е океј за таа цена, ама врска нема со оригиналите, барем тој виолетовиот. Ствар на вкус е, мене лично поише ми се свиѓаат боди мистовите на маноард и подолго ми траат отколку парфемите нивни. Ама во секој случај мислам дека нема да згрешиш ако го купиш.
Во ДМ го има околу 300ден е, го имам јас. И брат ми го сака, обично не сака јаки парфеми, ама за овој секогаш ми вели дека убаво му мириса. За тие пари и доста е траен, по цела недела стои на алишта. Само некако премногу ми е јак за преку ден, јас за навечер за искачање го користам.
Французите се бр.1 за парфеми и тоалетни води. Ова буквално “мириса на секс”. Само ја пробав не ја купив, скапа ми е. Буквално мирисот што го сакам. Од следна плата хехе. Користи ли некој L’occitane парфеми и дали се трајни?
@IamSexyAndIKnowIt Ова од нивниот сајт Од Редит што имам читано, оние што се полесни со цитрусни ноти не се многу трајни. Додека пак, потешките или цветните, баш неролито и орхидејата, се подолготрајни
Како се цените на фришопот на евзони ? Ми треба кристал ноар версаче не сакам да купам од нашиве , еднаш се зезнав втор пат не.
140€ е 90мл. Види дали го има во сет со лосион за тело или гел за туширање, така може и поевтино да се најде. Јас така брајт кристал го имам купувано.
@IamSexyAndIKnowIt Мислам дека евентуално и како крема го имаат, но инаку вака е само како тоалетна вода, немаат парфем верзија за жал Како алтернатива, можеш по нотите или по Интернет мислења да пребараш кои од дизајнерските парфеми му се слични, па така ако сакаш долготрајност да си земеш парфем
Ако го немаш купено, пиши ми да ти го продадам за поевтино. Го имам нов неотпакован, го добив на поклон али дека користам други парфеми па сакам да го дадам.
Миризливи девојки, дај препорачајте некој женски парфем, не толку интензивен. пролетен свеж цветен, благо овошен. Девојка ми земала некој тежок интентизвен парфем, се гушам кога ќе го помирисам По можност да не е многу скап и да го има во Скопје.