Секако. Сака пролет, сака свежина, сака цвеќиња, сака благо, сака овошје, зошто не би го сакала и тој парфем Плус и сака убаво да ми мириса мене, како и јас на неа.
Оф топик сум ама мислам дека е погрешен чекор на девојка да земеш поклон парфем, а да не е некој што таа го користи.
Не мора да значи. Доколку е љубител на парфеми, баш ќе ја израдува, но мора да внимава да и' го погоди вкусот. Парфем е малце заебано да се погоди. Само шо у случајов него му смета нејзиниот парфем, јак и загушлив му бил, па ради тоа да 'и зел нешо посвежо. Овде може да има проблем.. Може она преферира појаки.
DKNY Be Delicious Fresh Blossom EDP е баш таков - јас го имам. Малку е поскап нешто над 50 евра ама е многу нежен и ненаметлив
Или едноставно оди во ист гејт има една продавница бутик де ла парфимерие и таму имаш предобри парфеми секаков вид и прашај ги вработените кој им е по нежен нека ти предложат нешто. Јас од таѓу имам земено два парфеми и доста траат а не се скапи воопшто или од зара и таму имаат убави парфеми по пристапни цени.
Да, редовно купувам. Ги имам и двата, ванилести, благи. Ма да налку сум разочарана од Пако Рабан за трајноста искрено, а 8500 го платив тогаш. Има арапска копија од него само не ми текнува кој е, мислам Lattafa yara жолтиот, изгуглај.
Да видиш во некоја од овие продавници, има голем избор за сечиј вкус до таа цена. Инспирирани се од познатите брендови, јас сум задоволна од трајноста. И мирисот е идентичен со оригиналите, имам и оригинали и нивни копии, баш ги споредував. Boutique има продавница во Ист Гејт, Рефан имаш во Ист Гејт, Џамбо, Сити Мол, ГТЦ, а Ноар се само во Битола, на слепо имав нарачано пет парфеми од 10мл да пробам и добро се покажаа. Ако сакаш, кажи ми какви ноти сакаш, ќе ти предложам некој парфем конкретно.