Мојот омилен со години. Никогаш не ми здосадил, од толку што ѓи имам пробано различни, секогаш се враќам на Либре.
Девојки дали сте користеле парфем од Масимо Дути? Некое искуство да споделите и да ми препорачате некој на ванила?
Немам користено и не знам колку пари се, ако бараш ванила има на Том форд тобако ванила, или поефтина ватијанта на Монтале има ванила, исто и на Џулиет ванила вајбс.
Да,барам поефтина варијанта од оригиналите…нешто како Ванила Секс на Том Форд. На Масимо се околу 2000/3000 и 3500ден. Машките знам дека се супер,за женските не сум слушнала ништо
Ако бараш поевтина варијанта, разгледај некои од наливните/на точење. Ако си од Скопје, види во Рефан или Boutique de la parfumerie. Јас сум најмногу задоволна од копиите на Ноар, немаат продавница во Скопје, блазе си им на Битолчанки што им се толку блиску. Испонарачав парфеми на слепо, презадоволна бев, многу се блиски со оригиналите, идентичен мирис. Мене лично многу ми траат, и на кожа, и на облека ги осеќам и наредниот ден. Нарачав и за мајка ми, и она е презадоволна, а специфичен вкус има и тешко е да ѝ погодиш. Ѕирни ги, на инста се noirfragnances.mk. Колку реклама им напраив гага, заслужив барем едно парфемче гратис. Можеш и во Зара да видиш, мислам дека Zara Sensual Vanilla ЕDP e сличен со Том Форд Ванила, ама не е баш класичен клон/dupe.
Рефан имаат многу солидна копија на Том Форд Тобако ванила, ѕирни ако те носи патот до некој од штандовите или во дуќанот што им е во ГТЦ.
Дај кажете жени предлог парфем нежен женствен ненападен . неможам парфем да си најдам кој ќе ме воодушеви од прва и да речам тоа е тоа! сакам парфем кој нема да ми здосади значи класика ама добар. За секоја прилика да биде.
Мене таков класика парфем ми е Noa - Cacharel. Пудрест мирис е, нежен, ненападен, ама многу ефектен. Буквално во секое годишно време ми е убав. Види пробај го низ парфимерииве, можеби ќе ти се допадне.
На мојата кожа многу долго трае, по цел ден го чувствувам на себе. Последно од Еликсир го купив, а го има и на fragrance.mk, го имам нарачувано и од таму и топ беше.
Ми излегува парфемов како реклама и доста ми фати око затоа што обожавам свежи парфеми. Дали некоја од вас го има да сподели искуство?
Парфемот е многу сладок, има нота на јаболко и магнолија. Летен е и свеж е, инаку не е премногу траен. Мене не ми е нешто убав, пресладок е за мој вкус. Го имам користено, не би го купила повторно, ама секој има различен вкус. Ако обожаваш по благи/слатки парфеми тогаш земи го. Само пак ќе кажам, нема некоја огромна трајност и е по за пролетен/летен период. Ама немора да значи тоа нешто, еве јас зимно време користам летни парфеми понекогаш.
Ве молам предлог за женски парфеми за две дами, на околу 40 и 50+ години. Буџет околу 4000-5000 денари за еден.
Јас би им го купила спрејот од Лаш - Let the good times roll. Не сум сретнала жена на која не и' се допаднал мирисов, плус подолго трае од некои доста трајни парфеми што сум ги имала.
Сум сретнала... И баш ме зачуди реакцијата, за таков мирис таква реакција, немав коментар Баш онака грдо искоментира, као шо користиш волку јако, гадно мирисало втф Истава гадура, морам да си дозволам така да ја наречам, пошо надвор од ова прегадно ми се понашаше, па со причина ја имам замразено, за Хани спрејот исто ми промрчи. Ама знаеш, немаат вкус сите за жал, за нив не е нешто вака убаво, зашто немаат капацитет да го осетат убавото. И за Пампкин имам добиено еднаш неубав коментар од еден таксист Прв коментар му беше дали цигари пушам, а цигара никад у живот неам запалено, и дека колата на изгорено мириса, па отвараше прозори Скроз непријатно бе, дури ме повредува.. Мислам, до толку ли бе да не можат да ги поднесат.. Жал ми е за нив што се толку ограничени.
Ова стварно непријатно. Ама коментирањево сепак е до личната култура на луѓето... Нека каже членкава какви мирисни ноти преферираат жените на кои што сака да им подари парфеми, па ќе се најде нешто секако. Вооошто не се лоши Beauty и Sheer beauty од Келвин Клајн како нешто покласично, или Noa од Cacharel. Мене овие мириси (покрај Let the good times roll од Лаш) ми се баш go to ко за подароци на жениве од моето окружување. А да не зборам што Лаш е и скроз budget friendly, за мене полн погодок е некој ваков подарок што ем вреди, ем не е скап ко суво злато. Не е кажано од аспект на парите, туку од самата зделка (200мл спреј што трае малтене цел ден, за помалку од 2000 - па нема подобро).