Фала ти. Сте порачувале од таа страна некогаш? Скептична сум да не не се оригинали, сепак воопшто не е евтин.
Мене не ми личат на копии, имам нарачувано неколку пати. Со конкретниов парфем немам искуство, но еве Версаче Дример, ми немаше разлика меѓу тој нарачан од fragrance и тој купен од Фабу.
Си го мириснала во живо? Јас не би го нарачувала на слепо ако го немаш помирисано, има многу јак и специфичен мирис.
Најомилен на свет ми е. Го имав претходно купено од Германија, па долго време го барав тука безуспешно и си користев негови копии.
Ааа, во ред извини. Дека од fragrance.mk не можеш да го мириснеш во живо, а скап е парфемот па да кажам за секој случај.
јас редовно порачувам од таму сум пишувала за нив тука безброј пати и нема никаква разлика со парфемите купени од таму јас најчесто земам парфеми надвор од мк бидејќи се многу поефтини од нашиве увозници како шатци/еликсир/белодоре/маисон кои си наплаќаат и за увоз, особено niche а fragrance.mk се поефтини мала работа ради тоа што работат онлајн.. Пример Escentric Molecules беа околу 100e vo fragrance, иста цена сум ги купила и надвор, додека белодоре беше за 2к поскап само ради тоа што имаат продавница инаку секој парфем има бар код кој можеш да го внесиш на универзалниот сајт за верификации на брендирани производи, и ќе ти даде одма информации од брендот дата на производство и batch number.. ако ти е толку шубе не го отварај парфемот провери го кодот и врати им го ако не е автентикуван, мислам дека прифаќаат враќање на производи кои не се отворени
Точно фрагнанце.мк се исти оригинални производи како и во сите останати парфимерии низ мк. само поефтини. Кој сака да си плати и за киријата на дуќанот како шатци, космо итн слободно.
Има луѓе што не можат да ги поднесат тие парфеми, и јас сум една од нив. Имам користено доста производи од Лаш, ама парфем не би купила, оти навистина не ми се допаѓаат воопшто. Барем мојот вкус за парфеми не е таков. Не сме сите исти, и немаме сите ист вкус. Не е во ред коментарот и реакцијата, ама не е ни твоето во ред, да плукаш по тие на кои не им се допаѓа некој парфем што ти го носиш, па и те повредувало, ако некој ти каже дека парфемот не му се допаѓа. И јас користам парфеми што на други не им се допаѓаат, па не мрчам и не плукам по тие што ќе ми кажат дека не им е убав. Има парфеми од кои добивам главоболки, а пред Нова Година колешка носеше некој од тие спрејовите на Лаш што кај мене предизвика ужасен напад на кашлица и гушење. Знам дека беше од спрејот, оти тоа се случи и се повторуваше секогаш кога ќе ми се доближеше жената. И дали по секоја цена мора да ми се допаѓа нешто што на сите им се допаѓа и го сакаат? Не би рекла.
не знам дали смее линк да се стави до сајтот - напиши checkfresh, селектираш бренд на производ и внесуваш код, ти дава дата на производство и серија. пак јас неодамна порачав за прв пат од тука, парфемот беше на Serge Lutens, многу тешко се наоѓаат парфеми на овој дизајнер за чудо, фатив дури и попуст го имаше тој што го сакав за 30%, ми стигна за околу две недели, се си беше во ред, проверен на страната никаков проблем. Имаат баш супер избор на niche парфеми само забележвам дека доста брзо се распродаваат, имаат доста попусти планирам пак да нарачам за скоро.
@Annath океј е, ја не барам ни па очекувам да им се свиѓа на сите. Тие мириси си се поспецифични. За вкусови не би да расправам. Ама.. коментар дека мнооооогу јако мириса и дека просторијата смрдела гадно?? Гадно мислиш отров за глувци е, или мирисот на рандом старец у Јсп.. Да, грдо се осетив, пошо толку простачки беше кажано и навредливо. Инаку не си давам за право и дозволувам да мрчам на лична основа, решавам да го задржам за себе мислењето, и еве вака на форум да се испукам
Како нема кај го имаш видено еуфорија од Ck за 3090ден? Во шатци е 4110 на акција во еликсир 4740 ден за 50мл зборам. И многу други.
Се прашувам дали сите се оригинал или само одредени и дали се трајни… И на Келвин Клајн сакам да ги пробам