Немам нарачувано од кај нив, ама сега баш разгледав на сајтот и поевтини се стварно, има разлика. Пример Кристал Ноар цел сет имаат од тоалетна вода, лосион, гел за туширање и плус несесер за нешто помалку од 6000, исплатливо делува. Монт Бланк на други места најголемиот е околу 6000, а кај нив мислам 3600, така нешто беше. Е не сум сигурна дали се работеше за ЕДП или ЕДТ, ама во секој случај има разлика во цените, не дека нема. Би нарачала некад.
Fragrance World е clone house, арапски бренд кој прави клонови на познатите high end niche парфеми по пристапни цени, не постојат копии на нив - бидејќи и самата куќа е изградена врз концептот на копирање на популарните брендови. Еве ги овде https://www.fragrantica.com/designers/Fragrance-World.html дури и дизајнот на шишињата им е ископиран од Xerjoff, Amouage, Initio кои инаку се околу $300-$500.. како што гледам на тикток од парфем експертите доста солидни клонови има што се 1:1 со оригиналите за 1/3 од цената
Имам неколку пати купувано од таму и други ствари се си било океј има и гаранција ако купуваш техника, за парфеми како што споменав погоре прв пат порачав неодамна и ми стигна спакован со бар код неотворен. Провери го бар кодот на страната што ја пишав одма ко ќе ти даде дата на прозводство ако нема batch дата врати му го само немој да го отпакуваш. Обично копии се прават на high end парфеми што се најпопуларни и најпродавани (најчесто дизсјнерски и niche што се вирални) тешко копии да вади некој на екстремно niche куќи. Не им се исплати.