Женски парфеми

Дискусија во 'Парфеми' започната од Daniella, 20 ноември 2009.

  1. Maelina

    Maelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Значи да не нарачувам воопшто? Штета, само таму го има парфемов што го сакам. :(

    Патем, од која причина им се на fragrance.mk толку драстично пониски цените ако се оригинали? Ова ме буни многу. Не е некоја минимална разлика туку буквално со илјадарки. :?:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    3.441
    Пол:
    Женски

    Работат само онлајн,прва причина е сигурно тоа… не знам друго.
    Јас до сега имам неколку парфеми нарачано и сум презадоволна и парфемите се оригинал
     
    На jarec6, Astrum.Obtutus, Maelina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    4.190
    Фактички испаѓа дека по парфимериите и веледрогериите се шкарт парфеми, единствено на франганс се оригинални?
     
  4. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    3.441
    Пол:
    Женски

    Поима немам…ама низ годините сите сме слушнале дека некои се шкарт од парфимериите,конкретно за Шатци и Елкисир сум слушнала.
    За Фрагранс,до сега се што сум купила било оригинал и проверувам преку чат гпт. Знаете друг начин за проверка?
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.719
    Допаѓања:
    82.852
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам дека парфимериите продаваат шкарт парфеми. Лично не сум имала лошо искуство, парфеми нејчсето купувам од Фабуспот и од Космо. Со тие две не се случила утка никогаш. А сум купувала и од Еликсир и Шатци, не ми се погодило нешто да личи на фејк или да се покаже како такво. Само да, сите ги кренаа цените на парфемите после ковид пандемијата, па најчесто си купувам ако ептен начекам попуст - што е ретко, или од фрагранс.мк, фришоп исто.

    Кружеа муабети за Шатци на времето, дека фејк биле нивните парфеми, ама мислам дека се само муабети, затоа што едно време добавувачот за парфеми беше ист за сите - и Шатци и Космо и Еликсир имаа ист добавувач колку што се сеќавам.
    Сега не знам како е, доста време не сум купувала, па не дошла прилика да се расчитам по декларациите.
     
    На GirlVolley и MiloMalo им се допаѓа ова.
  6. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    1.479
    Пол:
    Женски
    Ма какви, ја не сум се осудила од тука да купам дизајнерски, искрено да ти кажам. Ризик ми е, тука изгледа само цените се оригинални. :D
    Само од фри шоп и мирна глава, барем си сигурна дека се оригинал. Плус, може да се начека по супер цени таму. Сетовите им се поевтини, баш пред некој ден влегов во Космо, гледам Викторија Сикрет сетот спреј и лосион над 3000, на фри шоп истиот е 30€, па не е мала разлика.
    Новиот Версаче Кристал Емералд, во Шатци 30 мл 80€, на фри шоп за таа цена е 50 мл. Баш @Mrs. right го имаше нарачувано мислам.
    Каролина Херера Блаш исто поевтин сум го начекала на фри шоп.
    И да се поскапи, пак пре би купила од таму, него од Мк.
    За поевтини парфеми и спрејови, може да пројде и од тука.

    За Еликсир апсолутно се слагам, другарка баш ми даде да се прснам со Либре, Si Armani и La Vie Est Belle од Еликсир купени, исто ко ништо да не сум прснала, водички.
    Ќе си речев до кожата е, ама од фри шоп од истите глава глава боли кога ќе се прснам. Поготово од Либре, баш и она го имаше земено од фри шоп, вика благе везе нема со овој од Еликсир, ко да не е истиот.

    За Fragrance не знам, не сум нарачувала ама сега ме заинтересиравте. Може ќе си нарачам нешто. :D
     
    На FlirtBerry, eli25 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  7. Maelina

    Maelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Лично имам прелошо искуство со Шатци, истиот парфем купен од странство и во шатци немаа допирна точка, не ни мирисаа исто, а за трајност да не зборувам. Burberry goddess ми е еден од омилените, го купив од Шатци мириса на загорено масло, труе, врска си нема со оригиналот. Искрено не знам, ако им се стварно оригинали може не ги чуваат добро, може продаваат со поминат рок, ама јас имам лошо искуство и не би се нафатила да купам скап парфем уште еднаш од таму.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.472
    Допаѓања:
    18.859
    Пол:
    Женски
    Јас па неам лошо искуство со Шатци.

    Купен сет со гел за туширање, лосион и парфем од Кристал ноар, ок е, убава трајност има, го осеќам. Истиот мирис е ко што беше.

    Само што морам да кажам дека е постара серија, од 2020 та произведен, го проверив batch кодот.
    А го купив у 2025. Излеа затоа цената беше прифатлива. А не ми мења тоа нишо, не глеам да му фали нешто, во ред си беа производите.

    Кристал емералд новиот парфем е преубав :inlove: Толку свеж, чист и пудераст. И трае одлично :inlove:

    Но, дека не стрижат со цените, признавам.

    Мерак ми беше па порачав, и доволно им ги напунив џебовите, доста им е.
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.351
    Допаѓања:
    125.872
    Незнам јас ни од fragrance mk не се осмелувам да нарачам зошто немам доверба ама маж ми еве два зема и ок му се
     
    На Maelina и Panda00 им се допаѓа ова.
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.838
    Допаѓања:
    8.740
    Пол:
    Машки
    Да, и јас знам дека чкарт се во веледрогериите, а за странава не знам, а и не знам некој со искуство. Ама би требало да е исто.
    И на фри шоп 100% не се оргинални, а и не мирисаат. Треба да се бањаш со парфемот за да мирисаш пола ден.
     
  11. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    4.190
    Знам вие машките се бањате буквално во парфеми и после облаци зад вас, или обележувате територија како кучињата не знам :D
     
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.838
    Допаѓања:
    8.740
    Пол:
    Машки
    Јас малку си шприцам и тоа на клучни места на телото. Иначе ако ставиш на погрешно место, џабе ти се и 5 парфеми. :D

    Иначе не е точно дека се бањаме со парфеми. Ама не значи дека не постојат такви машки. Ќе се избања за да ја импресионира девојката и на крај таа ќе му го откаже состанокот и џабе прскањето ќе биде.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    4.190
    Види компир, шала настрана, машките парфеми се далеку појаки и потрајни од женските, да не се лажеме, и да, доволно е едно прскање на клучни точки и воала, ефект има. Женските се послаби, факт.
     
    На Amelia, AlmaOculta, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.838
    Допаѓања:
    8.740
    Пол:
    Машки
    Не се сложувам. Се е до нотата на парфемот. Баш мислам дека е спротивно, дека женските парфеми се појаки и повеќе се осеќаат. Колку пати до сега сум осетил парфем на женско, а на машко едвај. Зборам вака кога сум излезен и кога ќе се разминам со некој.
     
  15. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    1.924
    Што е разликата од парфем и тоалетна вода? Што да купам да мириса трајно со часови?
     
  16. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    1.479
    Пол:
    Женски
    Парфемот содржи поголем процент на маслена есенција, над 20%. Текстурата му е погуста и маслена. Ако на амбалажата пишува Le Parfum, значи се работи за парфем/екстракт. Тој е најдолготрајна и најскапа варијанта.

    Eau De Parfum е парфимирана вода и содржи помала концентрација на мирисни масла од Le Parfum, нешто измеѓу 15 и 20% и трајноста му е пониска. Очекувана трајност до 6 саати.

    Тоалетната вода е најевтината варијанта затоа што е со најмала концентрација, измеѓу 5 и 15% па оттука и со најниска трајност.

    Ова според гугл и chat gpt :D, ама јас би рекла дека парфем е многу индивидуално нешто. Различно проектира на секоја кожа.
    Генерално да, EDP i Le Parfum покажуваат повисока трајност од EDT, ама мене на пример и EDT верзијата од Брајт кристал ми се покажа како солидно трајна.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.838
    Допаѓања:
    8.740
    Пол:
    Машки
    Парфемот е поквалитетен и трае повеќе. Ама кај нас по парфимериите не знам колку има парфеми.
     
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    2.122
    Допаѓања:
    3.751
    Како бе луѓе не знаете дали и колку има парфеми по нашиве парфимерии? Зошто би немало? EDP vs EDT vs EDC... И не знам зошто такви глупо муабети дека во некои парфимерии се фејк парфемите. Глупости. Ако е така, немало да опстојат толку долго време на пазарот. Има луѓе кои купуваат редовно од таму.
     
    На IvvaNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    1.924
    Ако знаеш толку одговори..
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    4.827
    Пол:
    Женски
    Пхахах женските потрајни од машките парфемии хаха ако си збораме шо сакаме...
    Не знам како ви се зборат глупости искрено јас од брат ми ко ќе излегва од дома го осеќам дури не излуфтирам а мојте посебно оние полесните едвај сама да ги приметам
     
    На FlirtBerry и MiloMalo им се допаѓа ова.