Ниеден парфем до сега не ми траел освен од Космо тестер 20.000+ ден што ми е многу за парфем и после перење блузата сеуште ми мирисаше , некој таков сличен да трае постои ли?
Па не, испод 1000 евра за жал парфемите се чиста вода Претеруваш малце можеби? Имаш еден куп солидни трајни парфеми кои не коштаат астрономски суми. Или дека се wow - на по цената? А и да, имај на ум дека за некого баш тој парфем може да е преружен. Мене niche парфемите ми се одвратни навистина. Зборот ми е дека не е можно да не најдеш добар парфем што би траел и убаво би мирисал, а не кошта ѓавол ипол. За мене парфем од Зара од 650 денари беше еден од најтрајните што сум ги имала, баш така мирисаше и коа ќе сe испереше облеката. За друг може нема да е траен. Индивидуално е. Спојлер
Претеруваат во Космо со цените , што јас ?парфемот стварно беше предобар некој шпански бренд не знам точно кој беше се изненадив после перење да мириса , треба да се бара ама додека најдам траен исто пари ќе потрошам Еве вака нешто беше
Ама овие парфеми користат квалитетни масла затоа се трајни и по перење сеа реално добри се и јас имам од сличен пробано тестер претраен беше може една недела се чувствуваше мирисот , е сега ние што не живееме на висок стандард и не можеме да го дозволиме е друга работа
Поскап неам видено, но не значи дека нема. Е па шо мислиш ти овие функционерите со шо се прскаат? Вајда со дијамантски прав е
Ако има тестер во космо а најчесто има , шприцни на маица / блуза од casamorati ќе ти трае со денови и перена тоа е саглам парфем бар да беше поевтин , не знаев ни јас ама сосем случајно ова и се изненадив ниту еден парфем до сега немал таква трајност
ОМГ whatt? Па уште во Шатци се продава. Е жими се сега сакам да знам колку шишиња од парфемов продаваат годишно.
Тие што го користите Alien Mugler, дали ви е траен? Други парфеми на кожа и со денови ми траат, овој буквално ни 2 саати. Се разочарав а имав големи очекувања за парфемов.
Да, мене ми е многу убав ама ми е тип на парфем што брзо ми здосадува. За траен, мене ми траеше доста, ама после неколку денови користење ми здосади и не ми беше убав. Да, парфемчето е топ. Летен парфем е и доста свежо мириса. Нема да грешиш ако го земеш.
Одамна не сум почувствувала поубави парфеми на мене: Како перверзно и слатко мириса ванилата А ова, неам доволно зборови да опишам колку е преубав! Прекраснотија
Мојот прв омилен парфем, го користев долго ама многу многу одамна, ми беше signature парфем на времето, денес каков е не знам можеби е реформулиран во меѓувреме.. Прво го имав класичниот Light Blue, после го земав и овој да видам дали има разлика во трајноста искрено не видов некоја разлика двата се осеќаа 4-5 часа после ептен е блед речиси неприметен мирис, кај интенсот некако повеќе ми се осеќаа цитрусите и ми беше поблаг ама можи да е до мојата кожа, ама генерално трајноста е таа, не очекувај чудо.. Инаку како што ти кажаа парфемот е летен и најдобар перформанс има на високи температури, сум го носела и во зима ама тогаш е некако послаб и не остава некој јак траг. После ми здосади и сега не можам да го поднесам ми мириса на оние средствата за wc
Која е цената за двата? Цената се' ќе ти каже колку е реално. Од фб страни секад ти е ризик, можат водички да ти подметнат, па уште вака 1+1 гратис Глеј од проверени сајтови само.
Оу дааа, и те како. Фејк цена, фејк страна, кузнае шо ќе ти пратат. Нема шанси по ваква цена дури 2. Избегни ги, не си ги фрлај парите. Членката ти ги предложи Fragrance.mk, сајтот е легитимен.