Девојки, какво искуство имате со парфемите од Фабу? Искрено јас никогаш немам купено дизајнерски парфем од Македонија, секогаш сум купувала од фри шоп. Ама, сега сакам да им дадам шанса на Фабу. Разгледував во продавницата во Сити Мол, немам никаков сомнеж. Делуваат квалитетно. Го пробав новиот Power of you на Армани и трајноста му е одлична. Сега гледам имаат акција 50 мл по цена за 30 мл на одредени брендови. Па размислувам да си купам, ама сепак би сакала и ваши искуства. @Mishela мислам дека ти имаше пишувано за нивните парфеми, задоволна ли си?
И со Космо и со Фабу имам искуство, Космо знаат и парфеми со поминат рок да продаваат, за Фабу не сум приметила ништо такво, обично оксидира парфемот брзо, и многу брзо ветрее кога ќе го ставиш на себе, тоа ако е поминат долго време рокот, ова посебно важи за парфеми кои се постари, или се на некаква акција 1+1, тука секогаш внимавај. Армани е нов, и нема шанси да има поминат рок, Фабу мораат да носат оригинални парфеми, од Матос, Орбико, итн... Така да во поглед на оригинални парфеми, тука немаш утка, оригинални се, е сега може да се поскапи некои марки на парфеми, повеќе отколку на фри-шоп да ги купиш. И многу важно, што верувам дека го знаеш: не секој парфем мириса и трае исто, на сечија кожа.
Кажи дека не ги бива, да заштедам пари. Се шалам. Фабу од сите наши парфимерии најпристојно ми делува. Космо и како помалку избор да има, еве пример Армани воопшто не држат. Поскапи се од фри шоп генерално сите наши парфимерии, мислев дека е до мене ама стварно има разлика во цените. Почнувајќи од брендови како Викторија Сикрет па сѐ до најлуксузните парфеми, сѐ е поскапо кај нас затоа и не сум се нафатила да купам. Исто е и во Србија, прескапи се парфемите ама во Јасмин парфимерија знам да фатам добри попусти, над 50% па ете ако некој го носи пат, препорачувам и од таму да си земе парфем. Ама вакви попусти само на постарите парфеми, овој на Армани е нов и тешко да го намалат, ќе си држи цена сигурно. Сега им се намерачив на Фабу, зашто стварно примамливо звучи понудава. Само за овие брендови им важи. Јас го сакам овој Burberry Goddess ама го сакам и новиот на Армани. Не знам кој да го земам, не можам да се одлучам. Кој би бил посоодветен за лето?
Да, имам купувано парфеми од Фабу и презадоволна сум. Секако се оригинали, ако мислиш на тоа. Ретко имаат поголеми попусти, но некогаш се случува да стават попуст на одреден бренд, па се случило да се начека нешто со попристојна цена. Најчесто купувам од fragrance.mk затоа што цените навистина се океј или ако се улови нешто во Фабу. Иако, имам купувано и од Еликсир и Шатци (баш пред месец и нешто некаков арапски купив од Шатци) и не сум добила впечаток дека сум добила чкарт парфем.
Ова со плаќаш 30мл, добиваш 50мл, е добро, да речеме. Новиот Армани секако, многу убав мирис, мене ми е баш за сега. И да си го купиш нема ич да згрешиш. Мене лично Burberry не ми се допаѓаат ич, ниту еден парфем не ме привлекол нешто wow. Затоа Армани
А што ќе кажете за Diva Cosmetics? Го купив од кај нив Lattafa Eclaire, супер си е парфемчето, неам никаква замерка, но дали и поскапите брендови се исто така добри? Огромна разлика имаат во цените од другите парфимерии, драстично. Цели сетови им се толку евтини дури нереално Имал некој искуство со купување на дизајнерски парфем?
И мене ме интересира за нив. Сум поминувала покрај нивните парфимерии во ГТЦ и Буњаковец, ама не сум влегла да видам што имаат. Мала парфимерија е и ми изгледа како да имаат доста помал избор од другиве парфимерии. А цениве на сајтов се стварно too good to be true, поготово на сетовите. Баш некоја ако купувала нека сподели.
Преевтинки за разлика од другиве парфимерии. Дали можеби им се постари серии или не знам стварно, нормално е да ни е чудно. Арапскиве сигурно им се оригинални, многу ми е убав Eclaire, но ме интересира како волку евтини сетови имаат.
Баш на овие сетови мислев. La vie est belle само парфемот кошта над 5000 и тоа помалото шише, Crystal Noir исто. Затоа ми се нереални цениве за сет и тоа 90мл е парфемот. Ваљда не се турски фејкови, не ми се верува до толку.
Ѕирнете некоја декларација на кутиите од Дива, да видиме кој е увозникот. Навистина евтини сетовиве. Арапскиве, Латафа особено, не се ни нешто скапи па мислам дека им се оригинали. За другиве навистина не знам, не сум купила никогаш од таму.