Која онлајн страна би ми ја препорачале? Fragrance.mk ili khalisa? Или друга некоја со оригинални парфеми.
@senza.parole те тагнувам за да те прашам доколку уште го користиш Power of You, дали ти трае задоволително и на потопло време? Мене, а и на @Panda00 за жал ич не ни трае. Многу ми е криво, парфемот ми е преубав, пресладок мирис, сакам да го пијам од што е преубав, ама што е со трајноста.. За париве разочарувачка трајност. Дали сепак ни продаваат води нашиве парфимерии, или е до серијата, до состојките, до кожата.. Други парфеми обично ми траат, многу поевтини од овој. Сакам да прашaм дали можеби на потопло време испаруваат брзо мирисиве? Трипам или не, коа беше времево поладно коа го купив, ко потраен ми се глеаше. Не го користев баш, неколку пати ми е прснат само. Соодветно е чуван, не ги оставам на Сонце парфемите.
Не сакам да избрзувам со заклучоци, ама искрено малку сум разочарана од парфемот. Преубаво мириса, ама јас воопшто не го осеќам на алишта а камоли на кожа. Прв пат купувам дизајнерски од наша парфимерија, искористив купон за 20% попуст ама сепак не е воопшто евтин за да има ваква очајна трајност. Најјакото е што кога го пробав од тестер го осеќав до наредниот ден и ме прашуваа на што мирисам, а сега испарува, не постои. Тогаш не беше толку жешко како сега, ама сепак за други парфеми и сега добивам комплименти и ги осеќам, а овој ништо... Во однос на нашите парфимерии, јас бев скептична и те како ама сега би рекла дека не верувам, не сакам да поверувам дека би продавале фејк парфеми. Во меѓувреме купив и друг парфем и спреј за тело од други наши парфимерии, добро ги познавам посебно парфемот и го споредив со ист таков купен од грчкиот фри шоп, нема никаква разлика нит во изгледот на амбалажата и бојата на течноста, нит во мирисот и трајноста на истиот. Го проверив и кодот, сѐ е како што треба и води до официјалниот сајт. Мислам дека е нешто до самиот парфем, не до парфимеријата од каде што е купен.
@Mrs. right @Panda00 И ја дојдов да прашам за Power of you, ама прво сакам да пробам од овие Ола милано парфеми, гледам го имаат. Имате порачувано од нив? Дали стварно се со 52% масло како што кажуваат или лажи пара се... Го земав последно yara tous, на почеток ми беше супер ама нешто слабо го осеќам сега, дали навикнав и добив noseblind или како и да се вика.. Уф не можам парфем да си најдам
Немам нарачувано од нив, ама буквално што би се рекло од фрижидер ми искачаат. Читав и на форумов како да ги фалеа членки. Баш ако се решиш да нарачаш, сподели какви се.
Неам порачувано. Искрено првпат ги дознав од форумов, коа @nena2010 го постна копија мирисот на Дав сапунот. За тој читав не бил траен ниту оригиналот. Версаче Кристал eмералд ми е траен од свежите пролетно - летни. Овошен ако сакаш мирисни го The Comforter спрејот од Лаш. Како за овошен мирис има супер трајност.
Еј да, добро ме потсети. @MiloMalo види ги и Брајт Кристал класиката и Абсолу верзијата. Или Коко Ванила од Мансера, ако си по благите тој ти е топ за лето. Само не ми текнува искрено колку траеше, а овие другиве три на Версаче траат со сигурност. Ја би ги земала и Парадокс Интенс, My way и Montblanc Signature Аbsolu во провидно стаклено шише што е. Последниов ми мириса нешто измеѓу чисто и слатко.
@Panda00 мислам дека овојпат ќе бидам "тестерче" на ола парфемите, во план ми се да ги пробам од Армани, Power of you и My way. Ќе пишам ривју отпосле
Знаеш што? Истово го приметив на топлово. Веројатно е до тоа, зошто до 22-23° супер е проекцијата. На топлово гледам дека за макс 4 часа веќе го нема. А, истото шише е, веќе повеќе пола ми е потрошен. Еден од ретките кој ми има иста трајност со тестер.
Ќе му дадам шанса на Power of You и на поладно време, ќе тестирам каков ќе биде па ќе пишам. Сега за сега, не го осеќам на мене. Едвај... И уште нешто што треба да знаете за него пред да го купите - не прскајте на светли маици. Остава флеки.
За жал сите серии на Армани, последниве 3-4 год. се со многу мала трајност, како тоалетна водичка да прскаш, ништо нема да смени ниту во зима, а преубав е.
Изгледа дека е така. Голема штета, зашто сите нивни парфеми ми се многу убави. Колку што се сеќавам, и Si не траеше многу, затоа пишав погоре не е до парфимериите, до самиот парфем е. За таа цена секој би очекувал поголема трајност, а ова испаѓа оние на Економик парфемчињата од 200 ден. повеќе траат..
Апдејт. Значи, My way (od Ola) се понаша ненормално добро. Трае се осеќа нежен а воедно јак, не знам да опишам добро, важно супер е, вреди за парите. Power of you нешто не ми се допаѓа. Не знам зашто, ама, ќе му дадам шанса пак, прво горниов го испробав а овој ако го бендисам натаму ок ако не ќе го подарам и чича мича готова прича.
Апла. Не знам дали точно 52% ама, трае и гледам кај шо сум прснала долго време стои како "масна" трага... На алишта пазев, прскав од подалеку, ама искрено ме изненадија пријатно. Power of you, од прва ми беше чуден. После пак го пробав, еве сега сум од него нашприцана, убав и овај. Од Велес се инаку, ако сте од Велес барем поштарина да не плаќате... 180 е доставата инаку..
Во Скопје немаат ли некој штанд? Чим викаш траат, ќе платам карго, тоа е. А што цена им се парфемите?
Зависи од милилитража, 100 мл се двата што ги земав, еден е 2000 ама пишав код за попуст (Ola30) и ги земав за неполни 3000 двата (сосе карго). Од 50 и 30 се поефтини, има на страната, www ola milano или ola parfemi mk така нешто беше, куцни на гугл ќе те однесе Еве, најдов линкот, Тука Има избор, не е лошо. Се мислев и за Libre Berry Crush, ама ај понатаму
Девојки, го користела ли некоја Narciso Poudree да сподели импресии? Во Шатци ми го препорача девојката, многу убав и нежен мирис, пудрест и баш онака женствен. Размислувам да си го купам, имаат некој попуст aма ме интересира дали е траен вака генерално. Знам дека зависи од кожа до кожа, ама барем на облека да трае. После разочарувањето од Power of You страв ми е да купам парфем.
Кај мене траеше солидно, 8 часа со сигурност, а траги од парфемот се чувствуваа и потоа. Во моментов го имам Pure musc, тој слично трае. Ретко, но некогаш го чувствувам и следниот ден, зависи кога сум ставила во текот на денот. На облека трае многу подолго. Кај мене парфеми со ноти на мошус генерално солидно траат, па затоа и ги сакам. Пробај го на кожа овој од сликава и види каков впечаток ќе ти остави.