Искрено не знам, некако ми е многу поразличен од останатите што ги има(в). Најверојатно не сум навикната, еве пример и ерба пура е тропски мирис и сегде фален а уствари смрди, не мириса смрди буквално. Така ми дреме. А за арманито (од ола) ќе му дадам шанса навечер, или на есен. Ај ќе му дадеме шанса, ако пак слабо се покаже, па, да сме живи и здрави нели
Брзо си го потрошила Го чував не го трошев, сеа почнав, само 30мл е, ќе ми летне брзо Пробај го навечер, ја солидно прскам, не штедам, сепак се надевам ќе има некоја трага Која штета таков преубав мирис да не трае Мене па не ми е јак, напротив, нежен и суптилен, букв ко шо опиша членка на претходната страна, на Вива сокот мириса Ме освежува мирисов, пријатен ми е. Можеш и на есен не дека не, само што баш ко за потопло време ми е. За навечер зборам ради тоа шо пеколните температури не му идат у прилог, скроз се губи кутриот..
Коа ќе ми текне каков фрик сум по овие работи, АИ ми дојде како кец на десетка. Бев заљубена у омекнувач златен Ленор. Барам ноти кој парфем слично мириса. Предлог - Gucci Flora orchid жолтиот. Тупнав 5 и нешто у Шатци, убав е.
Многу одамна. На подарок ми го донесоа. Океј беше, малку јак. Ама не се сеќавам дали беше траен. Убав беше мирисот.
Јас ги нарачав La Bomba и Lost Cherry баш сега има акција 2 од 30 мл за 1499 ден. Ај баш да видам и од таму колку се трајни
Дали ги имате користено Yara Perfume? На Instagram ми излегоа, ткаа се потпишани, копии на оригинали, дали се трајни ако сте ги користеле и дали се навистина слични?
Вториот ти е цветно - ванилест и пудрест. За трајност, мислам дека не е нешто посебно траен. Совет - не го купувај кај нас, многу е поскап. 40€ ти е на фри шоп.
Слушнав дека Јасмин ќе отварале кај нас на местото на Космо. Не знам кога точно, ама едвај чекам. Се надевам дека ќе има избор како во Србија и дека ќе има добри попусти.
Ау дали е до мене или е до парфемот не знам. Lost Cherry го прснав за 2 часа се изгуби. А La Bomba подолго трае.Првиот час има некои јаки ноти што јас лично не ги обожавам.Ама после тоа станува понежен и ми е супер. И дефинитивно донесов одлука ако го сакам Lost Cherry повторно ќе го земам само од Parfen.Најдолго ми се задржува на тело и облека.30% мирисни масла има ама ми е најблизок до оригиналот.(не ги ракламирам да не бидам погрешно сфатена)
Што се случува (зборам за продавници каде што има бренд на парфеми и се оригинали како што тврдат), даваат попуст од 10,15 или 20% а траењето на парфемите одвај 2 часа е? Вака и се случи на колешка моја а и на сестра ми, за парфем од 15% попуст мислам дека беше си плати убави 4500 ама квалитет 0.
Дали има некој пробано од MAD парфеми? Гледам во рамстор и во капитол имаат па ме интересирс каквс им е трајноста.
И мене ме интересира за Никол парфемите дали некој иима нарачано и како е задоволна од нив? Сакам да го пробам Angel Nova, само тие го имаат. Би нарачала повторно од Ола ама го немаат овој...
@Medea. Еве топла препорака за парфемов. Јас минатата недела отидов во Рамстор да купам нешто облека,за да на крај излезам со два парфеми од MAD- едниот за мене,другиот за мојата појака половина. Не знам чија копија е,ама е доста траен.По цел ден го чувствувам на себе.Баш е како за овој период.