Конечно најдов нешто кое ми се допаѓа а да е нежно и да има поголема трајност.Инаку, откако ме фати вториот бран од короната веќе не уживам во сите парфеми.Сега се што е јако ми создава мачнина и не можам да го поднесам.
Дали некој го има пробано Khadlaj Fursan White EDP? Каква му е трајноста и проекцијата кај вас — колку часа ви трае на кожа и на облека? Дали вреди да се купи?
Здраво Би сакала да ве прашам за препорака за женски парфем да не е прескап.. Сакам да е преубав, впечатлив и долготраен, со добра проекција – да се чувствува убаво околу мене, а кога ќе поминам покрај некого да останува мирисот зад мене и да биде од оние парфеми што се паметат. Најважно ми е да вреди за парите, да има убав и квалитетен мирис и добра трајност. Кој би ми го препорачале?
Дали парфемите од fragrance.mk се оригинали? Сакам да купам парфем на кој 100 мл цената му е околу 7 илјади, истиот во Шатци е околу 13 илјади а оригиналната цена е околу 11 илјади. Некако на fragrance цената е преголема разлика, па сомнително ми е дали се воопшто оригинални
Истото си го мислев. Преголема разлика во цени. Забележав на неколку различни парфеми. Но има логично објаснување. Онлајн продавница и физичка продавница немаат исти трошоци и маржи. Овие од fragrance.mk биле оригинални, на reddit читав, по фб групи, и овде на форумот. Единствена разлика е што продаваат само онлајн од некој магацин.
Досега сите парфеми купени од тој сајт биле оригинали. Ги проверувам онлајн по кодот и си дава инфо кога е произведен парфемот. Сè било уредно досега, па мислам дека не се фејк.
Да, за онлајн продавница и физичка ми е логично. Но сепак, нивната цена да е толку поефтина од оригиналот?
Па еве пример Сефора е прескапо се. Или Douglas во Германија, а на нотино е поефтино. Еве овие парфеми види во Шатци, FabuSpot се дупла цена, а на Нотино и fragrance.mk се поефтини. Во Шатци се скоро дупло поскапи или во Douglas, или било кои физички продавници кои треба да обезбедат тестер, вработени, трошоци имаат за кирии, струја итн. Сето тоа влегува во цените на производите. Додека онлајн шоп има само трошоци за одржување веб сајт. Инаку еве на fragrance.mk VS спрејовите за тело се вртоглави 1500 ден. Истите по аптеки или фришоп се макс 1200 ден. Во Мабета Космос пак земав два за 1500 ден.
Поминував низ турската чаршија денес и дека слабост ми се парфеми, влегов во една продавница Ројал. Никогаш немам купено таков некој, верзија од оригинал и повеќе од љубопитство побарав некои кои ми се добро познати и користени од девојката да ги истестирам Искрено, еве по речиси 6 часа, уште ми трае верзијата на Poison Girl од Dior. Имаат голем избор, јас сум повеќе по гурмански парфеми и ме изненади трајноста. Мислам по 1.000 денари беа..така нешто, од 50 мл.
A ова второво прашање? Колку слични на оригиналот? Од кој град испраќаат знаеш ли, дали може да ги мириснам пред да купам ако се од мојот град.
Mене ми се слични, дури и поубави. Повеќе комплименти добивам кога ќе ставам од нив отколку од оригинал парфем. Колку што знам од Велес се. Требаше негде да отворат физичка продавница, но не знам дали ја отворија. Во секој случај вредат за тие пари. Алиштата мирисаат додека не се исперат, парфемите траат од 10-12 саати сигурно, на коса додека не се измие траат.
Изгледа само мене не ми се погодија. Ги земав La Bomba и Lost Charry од кај нив.Првиот ми беше толку многу лош што морав да го дадам на другарка што обожава такви парфеми.А другиот после 2-3 часа веќе не се чувствуваше ни на облека ни на тело. Истите парфеми ги прснав во една парфимерија кај Бит Пазар. Ла Бомба ми беше 100 пати поубав и еве го осеќам на коса.Чудна работа
https://www.facebook.com/share/19YnCSGWxM/ Мора да отидеш до таму и да видиш. Не знам навистина со кој парфем ме прсна ама јакната уште ми мириса исто како да сум ставила сега иако тоа беше во четвртокот. Мора да одам да видам кој парфем беше и да си земам барем од 30 мл. Ама е доста интензивен баш како за период есен-зима. Јас сум зависник од парфеми. И се што ми се допаѓа го купувам. Толку облека немам колку што имам парфеми.Иако оригинал имам купено само 2 или 3 пати во последниве години.
Јас купив парфем од dust and cream мислев дека е потраен ,не знам воопшто не е се разочарав, купив копија на прада парадокс го имам вистинскиот и секако не очекувам за 600 денари да е ист ама некако трајноста многу ме разочара а слично мирисаат вака.
Поради твојот коментар нарачав и јас од ола го купив born in roma и можам да кажам стварно се предобри има некоја минимална разлика и цел ден ми траеше баш се изненадив.